Рускиот патријарх е еден од најважните духовни сојузници на Владимир Путин и ја користи религијата за оправдување на воената агресија. Посетата на македонските владици во Москва го отвора прашањето за црковните врски со поглавар кој ја благословува војната.
Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан му упати честитка на рускиот патријарх Кирил по повод неговиот 80. роденден, истакнувајќи ги неговата „духовна мудрост“ и „татковска грижа“ во предводењето на Руската православна црква.
Рускиот патријарх Кирил се сретнал со македонската црковна делегација, предводена од митрополитот Дебарско-кичевски Георгиј, во чиј состав бил и епископот Хераклејски Климент. Средбата се одржала на 21 ноември во Патријаршиската и Синодална резиденција во Даниловиот манастир во ...