Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ќе одржи надзорна расправа за причините за воведувањето администрација во „Алта банка“ АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност.
НАДЗОРНАТА РАСПРАВА ЗАКАЖАНА ЗА 11 ЧАСОТ Случајот со „Алта банка“ утре ќе биде во фокусот на собраниската Комисија за финансирање и буџет, каде што е закажана надзорна расправа со почеток во 11 часот. Терминот го потврди претседателката на Комисијата, Сања Лукаревска.