Грција денеска ја одбележува 53-годишнината од студентскиот бунт против воената хунта, а како и секоја година, така и сега Атина е под силни безбедносни мерки, со ангажирани над 5.000 полицајци за традиционалните протести кон амбасадата на САД, јави дописничката на МИА од Атина.
Полицијата распореди повеќе од 5.000 полицајци низ Атина во вторник за комеморации по повод 53-годишнината од студентскиот бунт на Политехничкиот институт. Почнувајќи од раните утрински часови, полициските сили за немири, мотоциклистичките единици, обезбедувањето и сообраќајните ...