Во првите десет месеци од годинава во сообраќајни несреќи во Македонија загинале 85 лица, наспроти 117 во истиот период минатата година. Според податоците на Министерството за внатрешни работи, станува збор за намалување од околу 27 проценти.
Системот „Безбеден град“ би можел да донесе околу 10 милиони евра годишно во државниот буџет, а МВР најавува мобилни камери, контрола на непрописно паркирање и проширување низ целата држава. Околу 10 милиони евра годишно се очекува да се слејат во државниот буџет од „Безбеден ...
„Безбеден град“ ќе добие камери во полициските возила и мобилни радари. Досега се регистрирани 310.865 прекршоци, најмногу за брзо возење. Министерството за внатрешни работи планира да ги опреми полициските возила со камери што ќе мерат брзина во движење, а на критичните ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави дека системот „Безбеден град“ во првата недела од декември официјално ќе започне да се применува и на подрачјето на СВР Струмица. Следно на ред е СВР Штип, каде што активностите треба да завршат до крајот на годинава.
Околу 10 милиони евра годишно се очекува да се слеваат во државниот буџет од казните преку системот „Безбеден град“. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека станува збор за првични проценки, а не за конечни бројки, бидејќи годината сè уште не е завршена.