Филипче потсети дека техничката влада е воведена поради аномалии во рамки на функционирањето на државата кога на власт беше ВМРО-ДПМНЕ Според него, СДСМ е спремен за избори кога и да се случат.
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес-конференција по завршувањето на лидерската средба рече дека на граѓаните им е веќе јасно дека сѐ што досега го зборувавме се покажува како вистина. „Сѐ што најавивме практично се случува.
На граѓаните треба да им е јасно дека тоа што до сега го зборувавме е вистина и се што најавивме практично се случува. Нема ни збор за главните проблеми во државата. На власта и се брза да направи избори, затоа што пари нема.