TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Потоп во Словенија поради излевање на реки/ФОТО

Вечер Прес - 13.11.2026

Обилните дождови предизвикаа излевање на некои реки од своите корита во различни делови на Словенија денес, а се очекува поплавните води да почнат да се повлекуваат преку ноќ. Според СТА, ситуацијата е најтешка во долината Випава на југоисток, каде што се поплавени многу локални ...

Хаотично во Словенија, по големиот потоп

Рацин - 13.11.2026

Три куќи во Ајдовшчина се делумно поплавени, а водата навлезе и во подрумот на пречистителната станица откако обилниот дожд ја зголеми Випава. Меѓу Випава и Нова Горица повеќе локални патишта завршија под вода. Спасувачите интервенираа и за возило што заглавило на поплавен пат.

(Видео) Реките се излеваат, свлечишта затворија патишта: Словенија и Италија под силно невреме

Скопје1 - 13.11.2026

Обилните дождови предизвикаа поплави, излевање на реки и свлечишта во повеќе делови на Словенија и Италија, каде што спасувачките служби имаат полни раце работа. Во Италија пожарникарите интервенирале повеќе од 340 пати, додека во Словенија се поплавени патишта и објекти.

Обилни дождови ја погодија Словенија: Поплавени куќи, патишта и пречистителна станица

Прва Скопска - 13.11.2026

Обилните врнежи што ја зафатија Словенија предизвикаа поплави во повеќе делови од земјата, при што три куќи во Ајдовшчина се делумно поплавени, а водата навлезе и во подрумот на пречистителната станица по наглото зголемување на водостојот на реката Випава.

📽️ СИЛНО НЕВРЕМЕ ГИ ЗАФАТИ СЛОВЕНИЈА И ИТАЛИЈА Реки се излеваат, свлечишта затворија патишта

+инфо - 13.11.2026

Обилните дождови предизвикаа поплави и свлечишта во двете земји, а дел од населбите останаа отсечени. Во Италија се евакуирани околу 100 жители, додека во Словенија се поплавени куќи, патишта и делови од инфраструктурата.

Поплави во Словенија: Випава се излеа, десетици интервенции на спасувачите

Скопско Ехо - 13.11.2026

Обилните врнежи што ја зафатија Словенија предизвикаа поплави во повеќе делови од земјата, при што три куќи во Ајдовшчина се делумно поплавени, а водата навлезе и во подрумот на пречистителната станица по наглото зголемување на водостојот на реката Випава.

Силнo невреме ги зафати Словенија и Италија

Фокус - 13.11.2026

Силно невреме со дождови и ветрови што достигнуваат брзина од 100 километри на час предизвика поплави, свлечишта и големи проблеми во сообраќајот во Словенија и во Италија. Бурата „Чарлс“ веќе трет ден ја погодува Италија, каде што пожарникарите интервенирале повеќе од 340 пати ...

Видео – Големо невреме во Словенија и Италија: Поплави, свлечишта, евакуација

Колегиум - пред: 18 часа

Силно невреме со дождови и ветрови со брзина од 100 километри на час предизвика поплави, свлечишта и големи проблеми во сообраќајот во Словенија и во Италија, каде беа евакуирани голем број луѓе, објавија словенечките и италијанските онлајн медиуми.