Речиси 200 земји ќе преговараат во Турција до 20 ноември, а првиот ден е посветен на климата и здравјето. Дома, експертите не се согласуваат дали воздухот што го дишеме навистина е подобар. Климатската конференција COP31 почна во понеделник во Анталија и ќе трае до 20 ноември.
Во Анталија денеска почнува 31. конференција на ОН за климатските промени, со електрификацијата како главна тема. Македонија на самитот пристигнува со ветување дека ќе се откаже од јагленот до 2030 година, а истовремено влегува во уште една зима со загаден воздух.