Кога ќе видиме куче во јакна, некои велат „колку е слатко“, а други „кутрото куче, што му направиле“. Вистината е некаде помеѓу. На некои кучиња облеката во зима им е навистина потребна, а на други воопшто не им треба.
Кога ќе падне првиот снег, тротоарите и патеките се посипуваат со сол и други средства против мраз. За нас тоа значи помалку лизгање, но за кучињата може да значи болни и испукани шепи . Солта ја исушува кожата на перничињата, а острите кристали можат да направат ситни ранички.