Следната недела владата ќе назначи владини повереници во општините кои поради немање цензус не успејаа да изберат градоначалници и ќе се обидат тоа повторно да го направат во втора половина на декември.
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека очекува следната недела да седне со коалициските партнери и да ги назначи имињата на лицата кои ќе ја извршуваат функцијата градоначалник во четири општини, соодветно во Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и ...
Владата ќе именува повереници во оние места каде не беа избрани градоначалници на локалните избори, но, откако Државната изборна комисија официјално ќе ги заврши изборите и ќе достави информација до неа.