Пејсли-дезенот повторно е присутен во новите модни колекции, внесувајќи разиграност, боја и ретро-шарм во секојдневното облекување. Неговите препознатливи мотиви потсетуваат на капка, лист или цвет. Иако има долга модна историја, при секое враќање добива малку поинаков изглед.
Деловната мода одамна не подразбира само строги костими, тесни панталони и класични кошули. Жените сè почесто избираат парчиња облека во кои можат да го поминат целиот ден, а притоа да изгледаат беспрекорно дотерано.
Кошулата од поплин е едно од оние парчиња облека што никогаш не излегуваат од мода , а сепак секоја сезона се појавуваат во нови, интересни варијанти. Иако најчесто ја поврзуваме со класичниот деловен стил и со едноставни, уредни комбинации, нејзината примена е многу поширока.
И наједноставната комбинација може да добие поинаков изглед со полупроѕирна блуза со волани. Таа дискретно ја открива кожата, внесува романтична нота и изгледа доволно елегантно за остатокот од облеката да не бара многу осмислување.