Во сите училишта во државата се обезбедени бесплатни учебници, информира денес, на првиот училишен ден, премиерот Христијан Мицкоски. ‒ Тоа е нешто што до пред три години претставуваше мисловна именка. Нешто што беше невозможно.
Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски сподели дека денеска заедно со премиерот Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука Весна Јаневска го означиле почетокот на првиот училишен час од новата учебна година во ООУ „Ацо Шопов”.
Премиерот Христијан Мицкоски им посака на сите првоодделенчиња успешни училишни денови, другарување и стекнување нови пријателства. „Мислам дека сега отпочнуваат една нова фаза од своите животи којашто, се разбира, ќе има многу предизвици.
