Опозициската ДУИ денеска, преку потпретседателот Аријанит Хоџа, укажа на појава на непочитување на Законот за употреба на јазиците, односно на албанскиот јазик од страна на државните институции.
Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците. „Како Директор на Институтот за јавно здравје, ги отфрлам последните обвинувањата на ДУИ.
ДУИ обвинува за непочитување на Законот за употреба на јазиците во државните институции, посочувајќи го како последен пример Институтот за јавно здравје. Од партијата тврдат дека директорката Марија Андоновска наредила службената комуникација да се одвива исклучиво на македонски ...