Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа за нови случаи на малолетничко насилство, кои во земјава станаа речиси секојдневие. Имено во соблекувална во спортска сала во скопски Илинден, во четвртокот, 12-годишно девојче од скопско било физички нападнато од други две ...
Полицијата истражува случај на физички напад врз малолетник во основно училиште на подрачјето на општина Аеродром во Скопје. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 27 ноември, а нападот се случил два дена претходно.
Дванаесетгодишно девојче било физички нападнато од две малолетнички во соблекувална во спортска сала во општина Илинден. Случајот бил пријавен на 26 ноември во СВР Скопје од таткото на девојчето, 44-годишен жител на скопско.