Иако премиерот Христијан Мицкоски ја отвори можноста за ново гласање в година, тоа нема да значи дека би се одржале избори со нови, туку со старите изборни правила, кои одозгора ја чекаат и одлуката на Уставниот суд за државното финансирање на кампањата.
Што му претходеше на овој најнов „херојски чин“ (нели, не се кукавици) на премиерот? Во екот на годишните одмори во јули, владејачкото мнозинство одеднаш реши да спроведе брз и целосно нетранспарентен процес на измени на Изборниот законик.
Од досегашните 11 парламентарни избори во земјата, 5 беа предвремени, а 6 редовни. Ќе има ли парламентарни избори? Прашањето кое повремено се акцентира годинава, делумно наликува на ладна проба за тестирање на расположението кај партиите и јавноста, но и на нагаѓање - каков ...
Зад реториката за предвремени избори се крие добро смислен политички наратив. Откако далеку од очите на јавноста си ги осигураа правилата на игра, владејачките партии сега ја користат темата за да ги замаглат реалните проблеми и да предизвикаат раздор кај политичките противници.
Задачата на опозицијата не е само да ги забележува слабостите на власта и да ги претвора во дневни соопштенија. Нејзината вистинска политичка обврска е за секоја критика да понуди решение, за секое оспорување да претстави поинаква политика, а за секое барање за одговорност да ...
Предвремените парламентарни избори повторно се во центарот на македонската политика, но овојпат најинтересно не е кој вели дека е подготвен. Подготвени се речиси сите. Вистинското прашање е кој е подготвен да ја преземе политичката одговорност за нивното распишување.
Дали ќе има предвремени парламентарни избори или не? Кому му одговара, а кому не ново изборно соочување? Повторно овие прашања се актуелни меѓу политичките актери во Македонија откако со изјави и ставови излегоа од дел од најголемите партии во Собранието.