Во период кога фудбалската репрезентација околу една година се мачи да постигне гол, добро би било селекторот Гоце Седлоски како мотивација да им покаже снимка на своите пулени од 9-ти ноември 1996 година, историски натпревар на кој и тој самиот играше.
На денешен ден пред точно 30 години македонската репрезентација ја забележа најголемата победа во својата историја. Точно во 13:30 часот македонските фудбалери истрчаа на теренот „Ешен-Маурен“ во гратчето Ешен, Лихтенштајн, пред 2.700 гледачи, претежно македонски навивачи ...