Хаг Јохан Тарчуловски , кој заедно со поранешниот македонски министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски се обвинети за воени злосторства од хашкиот Суд, пристигна во Хаг и е префрлен во затворот на Трибуналот во Шевенинген. Обвинетиот Јохан Тарчуловски изутрината беше екстрадиран од скопскиот ...
Скопје Македонските власти изутринава го испорачаа на Хашкиот трибунал Јохан Тарчуловски, обвинет за злосторства врз Албанците во селото Љуботен направени во август 2001 година. „Обвинетиот изутрината со авион и асистенција на македската полиција е испорачан во Хаг“.
Загреб Хрватска министерка за правда Весна Шкаре Ожболт изјави дека Загреб е подготвен да го испорача Љубе Бошкоски, кој се наоѓа во притвор во Пула, на Хашкиот трибунал штом добие барање за негова екстрадиција од Хаг. Хрватскиот помошник министер за правосудство задолжен за соработка со ...
Белград Српскиот министер за финансии Млаѓан Динкиќ изјави синоќа дека сите кои се обвинети за воени злосторства ќе завршат во Хаг и оти Србија од Европската унија ќе добие позитивна Студија за изводливост. "Сите кои се обвинети за воени злосторства пред Хашкиот трибунал ќе завршат во Хаг и Србија ...
Хаг Претседателот на Хашкиот суд Теодор Мерон ќе разговара денеска со српските власти за “отворените прашања меѓу Белград и Хаг“. Како што е соопштено, Мерон во Белград ќе биде примен од српскиот претседател Борис Тадиќ и од премиерот Воислав Коштуница.
Хаг Меѓународниот суд за воени злосторства за поранешна Југославија ги објави денеска детаљите од обвиненијата што се покренати против поранешниот македонски министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски и поранешниот шеф на обезбедувањето на претседателот Борис Трајковски, Јохан Тарчуловски.
Скопје Македонија денеска и официјално ги доби првите две обвиненија против двајца нејзини државјани од страна на Меѓународниот суд за воени злосторства во Хаг, при што, едниот веднаш е уапсен. Македонското министерство за правда соопшти дека од Хашкиот трибунал се добиени обвиненија против ...
Загреб Поранешниот македонски министер за внатрешни работи Љубе Бошковски, изутрината од Загреб отпатува за Хаг, јавија агенциите. Бошкоски од страна на Меѓународниот суд за воени злосторства во поранешна Југославија е обвинет за воени злостори за време на полициската акција во скопското село ...
Хаг Бившиот македонски министер за внатрешни работи Љубе Бошковски, против кого Меѓународниот трибунал за воени злосторства објави обвинение за случајот Љуботен, претпладнето е префрлен во затворскиот Оддел на Хашкиот трибунал, соопшти Судот.
Пула Поранешниот македонски министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, против кој Меѓународниот трибунал за воени злосторства објави обвинение за случајот „Љуботен“, изутринава треба да замине за Хаг откако судот во Пула вчера одобри екстрадиција .
Според него, посетата на Хашкиот трибунал е од приватни причини за подигање на сертификати кои ќе му овозможат да ги брани клиентите пред Трибуналот. Овде во Хаг, нема никаква најава за подигање на обвинение против Бошковски, изјави Јаничевиќ за Канал Според него, посетата на Хашкиот трибунал е од ...
Загреб Специјалниот совет на Судот во Пула го укина вечерва притворот за поранешниот македонски министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски поради негово претстојното екстрадирање на Трибуналот во Хаг. “Испорачувањето на Бошковски ќе се изврши утре, и нему му е определен притвор заради постапката на ...
Пула Ако судот во Пула денеска одобри екстрадиција, поранешниот македонски министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски уште во четврток би можел да биде префрлен во Хаг, јави агенцијата Хина, повикувајќи се на официјални извори во Загреб.
Скопје Граѓански здруженија, поддржани од политички партии, најавија дека денеска попладне во Скопје ќе одржат протест против одлуката на Хашкиот трибунал за покренување обвинение против поранешниот македонски министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски и полицискиот офицер Јохан Тарчуловски .
Загреб Поранешниот министер за внатрешни работи на Македонија Љубе Бошковски на крајот на оваа недела или најдоцна другата недела, би можел да биде префрлен во притвор во Хашкиот трибунал, јави хрватската агенција Хина. Хашкото обвинение за кршење на законите и обичаите на војувањето како и за ...
Хаг Поранешниот македонски полицаец Јохан Тарчуловски изутрината во првото појавување пред хашкиот трибунал го одложи изјаснувањето за вината по обвинението за воени злосторства извршени врз алабнски цивили во 2001 година Тарчуловски (30) побара за вината да се изјасни за еден месец на што, според ...
Хаг Првиот Македонец обвинетиот за воени злосторства Јохан Тарчуловски, денеска треба да се изјасни дали е виновен или невин по обвинението пред судиите на Меѓународниот трибунал во Хаг за воени злосторства. Тарчуловски беше екстрадиран во Хаг минатата среда и веќе се наоѓа во затворот на ...
Скопје Поранешниот министер за внатрешни работи на Македонија Љубе Бошкоски утре ќе се изјасни во хашкиот Трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија, во врска со обвинението против него за настан од 2001 година. Бошкоски, со чие обвинение заврши постапката на покренување обвиненија во ...
Белград Советот на министри на Заедницата Србија и Црна Гора на денеска треба да го разгледува нацрт законот за замрзнување на имотот на обвинетите лица од Хашкиот трибунал што се во бегство, јавија српските медиуми. Текстот на законот го подготви Националниот совет за соработка со Хашкиот трибунал.
Од над 120 лица против кои Меѓународниот суд за воени злосторства во поранешна Југославија има покренато обвиненија, 17 се уште се недостапни за органите на Трибуналот во Хаг. Најбараните лица од Трибуналот се поранешните лидери на босанските Срби, Радован Караџиќ и Ратко Младиќ.