Њујоршката берза седми ден по ред ја заклучила трговијата со пад на водечките индекси, откако Доу Џонс опадна за 278,9 проценти поени, на 8.300 поени, односно пад за 3,25 отсто, што е најниско ниво од јуни 2003 година досега, јави АФП.
Берзата никогаш не била поактуелна. Во овој период од минатата година по скопските кафулиња граѓаните и ситните бизнисмени разговараа за шпекулативни играрии и дилеми за тоа колку е умно да се купат акции во „Емо“ или „ОХИС“ поради најавената продажба на државниот капитал во овие компании.
Пазарот на капитал во земјава не падна на колена поради воведените ценовни ограничувања во тргувањето со акциите, но и поради тоа што компаниите кои котираат на берзата веќе неколку дена самите си ги откупувале акциите Најбурната берзанска недела е зад нас.
Њујоршката берза, седми ден по ред, ја затвори трговијата со пад на водечките индекси, откако Доу Џонс опадна за 7,33 проценти, што е најниското ниво од јуни 2003 година па досега, јави МИА.
Акциите на Вол Стрит во четвртокот паѓаа седми ден по ред, а индексот Дау Џонс за прв пат од 2003 година, се спушти под девет илјади бодови.
Европските берзи денешното тргување го започнаа со остри падови. Водечките европски берзите во Лондон, Париз и во Франкфурт тргувањето го отворија со пад на вредноста на индексите од речиси 10 насто, а инвеститорите нестрпливо го очекуваат состанокот на министрите за финансии и на гувернерите на ...
Изминатата работна недела на Македонска берза ќе остане запаметена во многу негативен контекст поради падот на индексот МБИ 10 на најниско ниво од неговиот формирање. Најдраматично беше во вторникот и средата, кога МБИ 10 достигна до над 7 проценти во црвената зона.
Одборот на директори на Македонската берза вчера реши да воведе мерки со кои би требало да се забави темпото со кое во изминативе денови паѓа вредноста на акциите. Со мерките се ограничува опсегот на дневните промени на цените на акциите.
Македонската берза за хартии од вредност вчера се стабилизираше по големиот пад на главниот берзански индекс МБИ -10 во изминатите два дена.
Нови правила на тргување од денеска се воведени на Македонската берза. Новите правила, согласно вчерашната одлука на берзанските власти, се однесуваат на ценовни ограничувања на акциите.
Црна среда се случи на пазарите на капитал ширум светот. Речиси сите берзи на Далечниот исток завршија во црвени бројки, катастрофата продолжи и низ Европа, каде две берзи - во Москва и во Букурешт, без целосно затворени. Светските, а пред се европските берзи ги зафати паника.
Во петокот пазарот на капитал заврши со промет од 39.397.773,79 денари од 301 трансакција. На Официјалниот Пазар прометот изнесуваше 36.658.931,79 денари, а на Редовниот Пазар прометот беше 2.738.842,00 денари. Индексите и понатаму паѓаат, ситуацијата слична како во четвртокот.
Скок на вредноста на акциите и на индексите на Њујоршката берза очекуваат денеска аналитичарите. Оптимизмот по “црната среда“ го темелат на растежот на терминските индекси и на добрите деловни резултати на компанијата ИБМ, кои укажуваат дека финансиската криза не им наштети на сите компании.
Директорите се мобилизираа за да ја спасат Берзата од крах Од Македонска берза вчера соопштија дека никако не можат да влијаат врз движењето на цените на акциите бидејќи нив ги формира понудата и побарувачката на пазарот Кризата која ги зафати глобалните финансиски пазари и светските берзи ...
Случувањата на светските берзи, кои се последица од кризата која ги зафати глобалните финансиски пазари, очигледно влијаат на цените на акциите и индексите на Македонската берза.
Ршум и на Македонската берза Голем пад на цените на акциите и на индексите, невиден од постоењето на Македонската Берза, го одбележа вчерашното тргување.
Њујоршката берза преживеа уште еден драматичен ден, откако индексот „Dow Jones“ најнапред падна за рекордни 800 поени, а на затворањето на Волт стрит заврши со минус од 370 поени.
Огромен пад на цените на хартиите од вредност , невиден од постоењето на Македонската Берза, проследен со голем пад на индексите го одбележа денешното тргување.
Економската ситуација во државата или ако сакате бизнис-климата многу често немаат никаква врска со работењето на берзата. Всушност, неретко се однесуваат како два одвоени света. Само за момент присетете се на минатогодишниот рапиден пораст на цените на берзата кај нас.
Новата работна недела на домашниот Пазар на капитал повторно започна со пад на цените на хартиите од вредност како и на берзанскиот индекс, кој во понеделникот изгуби 1,90 проценти од својата вредност односно падна на 4.255 вредносни поени.
Тргувањето на водечката руска берза Мицекс денеска е прекинато, откако вредноста на акциите падна за над 15 насто, поттикната од поевтинувањето на нафтата и стравувањата од кочење на светската економија.