TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ОМД - Македонија ќе опстои и покрај грчкото вето

Макфакс - 05.04.2008

Вашингтон Обединетата Македонска дијаспора (ОМД) и честиташе денеска на Владата на Македонија за одбивањето да го смени името и националниот идентитет поради грчките уцени. Изразувајќи „длабоко жалење“ за ветото што Грција го стави на поканата за влез на македонија во НАТО, ОМД наведе дека таквиот ...

НАТО ја послуша Москва

Вечер Прес - 05.04.2008

Рускиот претставник во НАТО Дмитриј Рогозин задоволен што Алијансата ги слушнала аргументите на Москва Одбивањето на НАТО сега да ги вклучи Украина и Грузија во Акциониот план за членство покажува дека Алијансата ги слушнала аргументите на Москва, изјави рускиот претставник во НАТО Дмитриј Рогозин.

ЕУ - Македонија да гледа на Запад и покрај одлуката на НАТО

Макфакс - 05.04.2008

Брисел Европската унија (ЕУ) ја повика Македонија да не се откажува од стратегијата за приближување кон Западот, откако државата не ја доби поканата за НАТО. Претседателството на ЕУ ја повикува Македонија да не ја губи од вид нејзината национална цел за придружување во Евроатлантските интеграции, ...

Албанија се нуди за посредник за името

Макфакс - 05.04.2008

Тирана Албанскиот претседател Бамир Топи изрази подготвеност официјална Тирана да посредува во грчко – македонскиот спор околу името, пренесува албанскиот весник ,,Старт,, во своето денешно електронско издание. Според истиот извор, како што јави дописникот на Макфакс, Топи вели дека покрај ...

Вонредни избори во Македонија?!

Вечер Прес - 05.04.2008

Државниот врв се уште ги анализира идните чекори по завчерашното грчко вето за влез на Македонија во НАТО. Се вршат консултаци што по прекршувањето на времената спогодба од Грција, дали и на кој начин треба да продолжат преговорите за разликите околу името.

Македонија не се откажува од НАТО, стратегија за името

Макфакс - 05.04.2008

Загреб Македонија не се откажува од членството во НАТО; продолжува ќе продолжи со реформите и ќе изгради стратегија за решавање на разликите за името. Ова го посочија претседателот и премиерот на Македонија, Бранко Црвенковски и Никола Груевски, во освоени изјави за новинарите по заедничката средба ...

Путин ги искара колегите

Вечер Прес - 05.04.2008

Рускиот претседател Владимир Путин вчера ги искритикува лидерите на НАТО за нивната желба да ја прошират организацијата на исток, без да ги земат предвид интересите на неговата земја. Русија е подготвена да соработува со Алијансата, но само како рамноправни партнери", подвлече тој на седницата на ...

Не се потребни радикални чекори

Вечер Прес - 04.04.2008

Најпогубно за Македонија ќе биде ако неуспехот на НАТО се префрли на домашен терен и почнат меѓусебни обвинувања и барање на виновникот - вели професорот Ванковска Откако Македонија не доби покана за НАТО, односно не помина целиот пакет - Јадранската група, мора да се настапува претпазливо, сметаат ...

Летонија – Името го спречи влезот на Македонија во НАТО

Макфакс - 04.04.2008

Рига Летонија изрази денеска жалење што Македонија не доби покана за влез во НАТО поради прашањето за името и надеж дека тоа ќе се случи во најскора иднина, пренесува Макфакс. „Летонија изразува жалење што недостигот од прогрес во билатералните разговори меѓу Македонија и Грција за прашањето на ...

Македонија не е во НАТО, но останува со САД

Вечер Прес - 04.04.2008

Ние Македонските новинари, ги напуштивме прес-конференциите на грчката министерка за надворешни Дора Бакојани и на генералниот секретар на НАТО Јаап Де Хоп Шефер, во знак на протест по нивните воведни излагања. Македонската делегација предвреме го напушти Самитот во Букурешт! Македонија не доби ...

Државен врв: Грчкото вето нема да ја поколеба Македонија

Макфакс - 04.04.2008

Скопје Македонскиот државен врв е категоричен дека грчкото вето за приемот на Македонија во НАТО, нема да ја поколеба земјата во нејзините евроинтеграциски процеси. “Некои работи во стратегијата на нашата држава ќе се редефинираат, не поместувајќи ги или менувајќи ги стратешките цели и определби.

Договор за транзит меѓу НАТО и Русија

Макфакс - 04.04.2008

Букурешт НАТО и Русија постигнаа договор, со кој што се олеснува железничкиот транзит на невоени материјали за меѓународните сили во Авганистан преку руска територија. Договорот треба да биде потпишан денеска во Букурешт, на последниот ден од НАТО самитот, соопшти претставник на НАТО.

Станишев – условната покана за Македонија е заслуга на Бугарија

Макфакс - 04.04.2008

Букурешт Заслуга на Бугарија е што во завршната декларација на самитот во Букурешт е запишано дека Македонија ќе добие покана за во НАТО, веднаш откако го реши прашањето за името со Грција. Ова, како што пренесува Макфакс, го изјави денеска во Букурешт, бугарскиот премиер Сергеј Станишев, додавајќи ...

Италија за прием на Македонија во НАТО

Макфакс - 04.04.2008

Скопје Италијанската Амбасада во Скопје денеска демантираше дека Италија се спротивставила на покана за влез на Македонија на Самитот во Букурешт. “Италија до последен момент ја поддржа неопходноста од проширувањето на Атлантската Алијанса со Албанија, Хрватска и Република Македонија“, се наведува ...

Британски инвестиции ќе има и без влез во НАТО

Вечер Прес - 04.04.2008

Недобивањето на поканата за НАТО за нас како инвеститори нема значење, бидејќи британските компании, како што е Џонсон Мети, веќе се тука - потенцира Реј Пауер, претседател на Британската бизнис група Бизнисот и странските инвестиции нема да трпат последици поради одложувањето на влезот на ...

Топи:Македонија заслужи да ја добие поканата за НАТО

Макфакс - 04.04.2008

Тирана Албанскиот претседател Бамир Топи изрази жалење за недобивањето на поканата за Македонија во Букурешт, искажувајќи уверување дека сепак тоа наскоро ќе се случи. „Сите посакувавме поканата за НАТО да ја добие целата Јадранска група, која работеше подолг период заедно“, рече Топи, додавајќи ...

Путин сака соработка со НАТО и покрај проблемите

Макфакс - 04.04.2008

Букурешт Русија сака подобра соработка со Алијансата, изјави во Букурешт рускиот претседател Владимир Путин, кој потенцираше дека сепак Москва се противи на проширувањето на организацијата. „НАТО не може да гарантира сигурност за сметка на безбедноста на другите“, посочи Путин пред лидерите на 26 ...

Хрватска: Нема референдум за НАТО

Макфакс - 04.04.2008

Загхреб Хрватска нема да одржи референдум за НАТО, невладините здруженија не успеаја да соберат 450.000 потписи на петицијата за референдум. Собрани се нешто повеќе од 150.000 потписи. Организаторите тврдат дека финансиските средства им биле ограничени, рокот од две седмици за собирање на потписите ...

Членството на Украина во НАТО не е насочено против Русија

Макфакс - 04.04.2008

Букурешт Евентуалното членство на Украина во НАТО нема да биде насочено против Русија, изјави украинскиот претседател Виктор Јушченко на самитот на НАТО во Букурешт. „Нашиот интерес кон Алијансата не е насочен против ниту една трета држава“, изјави Јушченко пред лидерите на 26 земји членки на НАТО, ...

Заврши самитот на НАТО

Макфакс - 04.04.2008

Букурешт НАТО ќе продолжи да се трансформира заедно со новите држави членки и да одговара се подобро на предизвиците пред меѓународната заедница. Ова, како што пренесува Макфакс, се наведува во завршната декларација од самитот на НАТО, на кој во периодот од 2 до 4 април учествуваа над 3,000 ...

Завршен ден на НАТО самитот

Макфакс - 04.04.2008

Букурешт Состанок на Комисијата НАТО-Украина и самит НАТО-Русија ќе се одржат денеска, на последниот ден од самитот на Алијансата во Букурешт. Се очекува на состанокот да учествува рускиот претседател Владимир Путин, кој со НАТО претставниците ќе разговара за повеќе отворени прашања.

Грција го блокира приемот на Македонија во НАТО

Макфакс - 03.04.2008

Букурешт Грција со вето го блокира приемот на Македонија во НАТО. Ова доцна синоќа на прес конференција во Букурешт го соопшти портпаролот на Алијансата Џејмс Апатурај. Две држави Хрватска и Албанија ќе добијат покана за членство во НАТО изјави Апатурај, посочувајќи дека Грција е против поради ...

Македонија извиси за НАТО

Макфакс - 03.04.2008

Букурешт Лидерите на државите членки на НАТО не успеаа да постигнат согласност за покана на Македонија, откако Грција изјави дека се уште не е решен спорот за името, соопшти европски дипломат. „Поканата ќе биде одложена“, изјави синоќа дипломатот, коментирајќи го резултатот од разговорите на 26-те ...

Топи: Членството во НАТО најважен чин во историјата на албанскиот народ

Макфакс - 03.04.2008

Букурешт Поканата за зачленување во НАТО е најважен чин во историјата на албанскиот народ, изјави денеска во Букурешт албанскиот претседател Бамир Топи. „Важните еконмски и политички реформи кои се остварени се придонес на сите (политички структури во Албанија).

Станишев: Жалам за Македонија

Макфакс - 03.04.2008

Букурешт Бугарија жали што Македонија не доби покана за прием на Македонија во НАТО на Самитот на Алијансата. Ова денеска во Букурешт го изјави бугарскиот премиер Сергеј Станишев, откако Македонија не доби покана за прием во Алијансата поради грчкото вето.

НАТО ги покани Албанија и Хрватска

Макфакс - 03.04.2008

Букурешт Лидерите на НАТО денеска и официјално ги поканија Албанија и Хрватска да станат членки на Алијансата за време на средбата на Северноатлантскиот совет во Букурешт. Генералниот секретар на Алијансата Јаап де Хоп Шефер претпладнето ги поздрави идните држави-членки на НАТО - Албанија и ...

Месиќ и Санадер: Поканата за НАТО е признавање за напорите на Хрватска

Макфакс - 03.04.2008

Букурешт Поканата за членство во НАТО е признание за напорите и доказ за зрелоста на хрватската дипломатија, порачаа од Букурешт хрватскиот претседател Стипе Месиќ и премиерот Иво Санадер. „Ова го сфаќаме како признание за сите наши напори и за нашата надворешна политика, која секогаш се залагала ...

НАТО, за проширувањето, Авганистан, Косово, штитот...

Макфакс - 03.04.2008

Букурешт Состанок на Советот на НАТО на кој ќе се расправа за проширувањето на Алијансата, ќе се одржи денеска, во рамки на Самитот на НАТО што се одржува во Букурешт. Самитот во романската престолнина треба да им донесе покани за членство на Албанија, Хрватска и на Македонија, на кои тоа им беше ...

Грчки печат: Приемот на Скопје во НАТО се одложува

Макфакс - 03.04.2008

Атина Основна тема на грчките весници денеска е грчкото вето на Македонија во НАТО на Самитот на Алијансата што започна синоќа во Букурешт. Според весникот “То Вима“, приемот на Скопје во НАТО се одложува на неопределено време.

Влеговме во мртва трка!

Вечер Прес - 03.04.2008

Грција е дојдена во Букурешт за Вето по секоја цена. Грчката делегација дури воопшто нема никаква комуникација со нашата. Тие не прифаќаат ниедно од понудените решенија за името. Ниту оние на медијаторот Метју Нимиц, ниту американските предлози Со сите сили и средства кои му се на располагање, ...

НАТО и Грција ја прекршија Времената спогодба

Макфакс - 03.04.2008

Скопје Грција со ветото за прием на Македонија во НАТО ја прекрши Времената спогодба за името потпишана под покровителство на Обединетите нации (ОН). НАТО, Европската унија (ЕУ) и Соединетите Американски држави (САД) стануваат соучесници во прекршувањето на Спогодбата, дозволувајќи и на Грција да ...

НАТО ја казни Македонија поради идентитетот

Макфакс - 03.04.2008

Букурешт Одлуката на НАТО да не ја покани Македонија е против стабилноста на Балканот и казна поради нејзиниот идентитет, изјави денеска во Букурешт, преговарачот за името, амбасадорот Никола Димитров. „Ние сме казнети не затоа што не ја исполнивме нашата задача, туку поради тоа кои сме.

Шансите на Македонија за покана блиски до нула

Макфакс - 03.04.2008

Букурешт Засега нема особено голем напредок по прашањето за евентуалната покана од НАТО за Македонија, јави претпладнево агенцијата Бгнес, повикувајќи се на добро информирани дипломатски извори на самитот во Букурешт. Информацијата е од утринската работна средба на Северноатлантскиот совет, во ...

Франција, Италија и Шпанија го поддржаа грчкото вето

Макфакс - 03.04.2008

Атина/Букурешт Лидерите на Франција, Италија и Шпанија, како и на Луксембург и Исланд ја поддржале грчката позиција Македонија да не биде поканета за влез во НАТО, поради разликите за името. Поддршката од петте сојузници на Грција била изразена на работната вечера на која премиерот Костас ...

Продолжи самитот на НАТО

Макфакс - 03.04.2008

Букурешт Раководителите на НАТО изутрината во Букурешт ја продолжија работата, на вториот ден од средбата на врвот на Алијансата. Се очекува главна тема денеска да биде проширувањето на Алијансата и засилување на нејзините активности во Авганистан.

Македонија казнета

Макфакс - 03.04.2008

Букурешт Македонија е казнета со недобивањето покана за членство во НАТО на самитот во Букурешт, соопштија денеска извори во македонската делегација. „Тоа е големо разочарување.Ни рекоа дека сме направиле се што требаше во врска со реформите и воениот придонес.

Македонската делегација го напушта Самитот

Макфакс - 03.04.2008

Скопје Македонската делегација попладнево заминува од Самитот на Букурешт, дознава Макфакс од сигурни извори. Напуштањето на Самитот, што завршува в петок, беше најавено синоќа откако Грција стави вето на приемот на Македонија во Алијансата.

Македонија и официјално не доби покана

Макфакс - 03.04.2008

Букурешт Лидерите на НАТО одлучија да не ја поканат Македонија за влез во Алијансата, за време на самитот што денеска продолжи во Букурешт. Претседателот Латвија Владис Затлерс изјави дека лидерите на НАТО се согласија оти Македонија може да се приклучи на Алијансата, откако ќе го реши спорот за ...

Милошоски – Ние сме Македонија и така ќе остане

Макфакс - 03.04.2008

Букурешт Македонија со недобивањето покана за НАТО е казнета не за стореното, туку за она што е. Ние сме Македонци, нашата држава е Република Македонија и така ќе остане засекогаш. Ова попладнево на маргините на самитот на Алијансата во Букурешт го соопшти шефот на македонската дипломатија Антонио ...

Шефер: Македонија не доби покана за прием во НАТО

Макфакс - 03.04.2008

Букурешт Македонија не доби покана за членство во НАТО, изјави денеска на прес-конференција во Букурешт, генералниот секретар на Алијансата Јаап де Хоп Шефер. “Алијансата ги цени сите напори на државата и сето она што го направи во реализација на реформите“, изјави Шефер, но додаде дека причината ...

Без покана, Македонија го напушта Самитот

Макфакс - 03.04.2008

Букурешт Одлуката на македонската делегација да го напушти Самитот во Букурешт ќе зависи од тоа какви ќе бидат заклучоците на Северноатлантскиот совет на средбата што започна изутрината. “Во зависност од тоа какви ќе бидат заклучоците на Северноталнатскиот совет така ќе биде и одлуката на ...

Одлуката на НАТО не влијае на Британските бизнисмени

Макфакс - 03.04.2008

Скопје Покана или не за влез на Македонија во НАТО за британските бизнисмени нема никакво значење, бидејќи од водечките светски лидери добивме уверување дека е политички стабилна земја. Ова денеска во Скопје го изјави претседателот на Британската бизнис група во Македонија, Реј Пауер на Годишното ...

НАТО со нова концепција за сајбер-одбрана

Макфакс - 03.04.2008

Букурешт НАТО денеска донесе нова концепција за сајбер-одбрана, соопшти дипломатски извор што учествува на самитот на Алијансата во Букурешт. Партнерите во Алијансата признаа дека сајбер заканата се јавува сè повеќе и претставува една од најголемите опасности за безбедноста и НАТО треба да изнаоѓа ...

Груевски – Грција е во заблуда

Макфакс - 03.04.2008

Македонскиот премиер Никола Груевски и порача денеска на Грција дека е во заблуда ако мисли дека со ветото за влезот во НАТО ќе ја натера Македонија да ги прифати нејзините уцени. „Секој оној што мисли дека со овој потег ќе ја натера земјата да прифати нешто што тој сака да го прифати, мислам дека ...

Џозеф:Ако Грција стави вето, јасно е кој го спречил влезот на Македонија во Н�

Макфакс - 03.04.2008

Вашингтон Ако Грција го отфрли последниот предлог на медијаторот Метју Нимиц, тогаш е јасно кој го спречил влезот на Македонија во НАТО. Ова, во интервјуто за Гласот на Америка, го изјави поранешниот директор на Меѓународната кризна група Едвард Џозеф, кој сега е ангажиран во Универзитетот Џон ...

Покани за Хрватска и Албанија

Макфакс - 02.04.2008

Букурешт Лидерите на државите членки на НАТО неофицијално вечерва донесоа одлука Хрватска и Албанија да добијат покани за членство во НАТО. Ова вечерва го изјави шпанскиот министер за надворешни работи Мигел Анхел Моратинос, кој ја повтори информацијата дека поканата за Македонија е одложена.

Бериша оптимист за добивање покана од НАТО

Макфакс - 02.04.2008

Тирана Оптимизам за добивање покана за прием на Албанија во НАТО изрази синоќа албанскиот премиер Сали Бериша, јави дописникот на Макфакс. “Официјална Тирана со оптимизам го очекува Самитот во Букурешт за добивање покана за прием во Алијансата“, изјави Бериша пред да замине во Романија.

Македонија во НАТО, условно ?

Макфакс - 02.04.2008

Скопје/Брисел Македонија членка на НАТО, условно, со рок да се најде компромисно решение на името. Таков најверојатно ќе биде резултатот на интензивните консултации во кулоарите на самиот во Букурешт и на силните притисоци врз Атина, но и врз Скопје, изјави за Макфакс дипломат, кој побара да остане ...

Мали шанси за покана за членство

Макфакс - 02.04.2008

Букурешт Мали се шансите Македонија на Самитот на НАТО во Букурешт да добие покана за членство. Ова денеска го јави словенечката новинска агенција СТА, повикувајќи се на извори во македонската делегација Шансите, според истите извори се намалиле, по вчерашната најава на Грција дека е против приемот ...

Шефер се надева на решение за членството на Македонија

Макфакс - 02.04.2008

Букурешт Генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Шефер денеска во Букурешт изрази оптимизам дека решение за поканата за членство на Македонија ќе биде најдено иако „ситуацијата е многу тешка“. Прашањето за името меѓу Македонија и Грција не смее да се решава со „конфронтација“, оцени Шефер.

Започна средбата на врвот на НАТО

Макфакс - 02.04.2008

Букурешт Средбата на врвот на НАТО, посветена на проширувањето на Алијансата, на состојбите во Авганистан, односите со Украина и Грузија, со работна вечера започна вечерва во Букурешт. Првите луѓе на Алијансата, меѓу кои и американскиот претседател Џорџ Буш, беа примени во претседателскиот дворец ...

Опозицијата во Албанија со протести ќе го соборува Бериша

Макфакс - 02.04.2008

Тирана Големи протести на опозицијата, на кои ќе се бара оставка на премиерот Сали Бериша, се најавени за в петок во Тирана, јави дописникот на Макфакс. Лидерот на Социјалистите Еди Рама вчера изјави дека одлуката за протестите е донесена со цел да се стави крај на лошото водење на Бериша на ...

Плановите на НАТО за Балканот под знак прашалник со грчкото вето

Макфакс - 02.04.2008

Брисел Плановите на НАТО за ширење на Балканот се под знак прашалник откако Грција најави вето за членството на Македонија, доколку во последен момент земјата не го промени името. Дипломатите денеска изразуваат загриженост дека македонското изземање ќе доведе до тензии на Балканот, кои и онака се ...

Почна самитот на НАТО - Утре денот Д за Македонија

Вечер Прес - 02.04.2008

Македонија очекува на Самитот на НАТО да добие покана за членство во НАТО и покрај тоа што до овој момент нема позитивен сигнал од Грција дека нема да ја оствари заканата за вето, изјави премиерот Груевски, пред заминувањето за Букурешт Ведро небо со облаци...

Македонија најмногу заслужува членство во НАТО

Макфакс - 02.04.2008

Лондон Македонија, најмногу од државите од централна и источна Европа, заслужува да биде членка на НАТО. Ова денеска го објави британскиот весник “Фајненшл тајмс“, во анализата под наслов “Мапата на НАТО е малку корисна за Македонија“.

НАТО ја одложи поканата за членство за Македонија

Макфакс - 02.04.2008

Букурешт Лидерите на државите членки на НАТО не успеаа да постигнат согласност за покана на Македонија, откако Грција изјави дека се уште не е решен спорот за името, соопшти европски дипломат. „Поканата ќе биде одложена“, изјави дипломатот, коментирајќи го резултатот од разговорите на 26-те лидери ...

Грција жали, но не може да дозволи прием на Македонија во НАТО

Макфакс - 02.04.2008

Букурешт Грција жали, но во моментот не може да дозволи Македонија да добие покана за НАТО, изјави вечерва во Букурешт портпаролот на грчкото Министерство за надворешни работи Јоргос Кумуцакос. Според Кумуцакос, остануваат уште само минимални шанси во наредните 24 часа да се изнајде заемно ...

Вратата на НАТО останува отворена за Украина и Грузија

Макфакс - 02.04.2008

Букурешт Државите членки на НАТО вечерва начелно се согласија Украина и Грузија да станат кандидати за членство на НАТО. Ова го изјави портпаролот на НАТО Џејмс Апатурај, кој сепак појасни дека овие две држави на актуелниот самит на НАТО нема да бидат вклучени во Планот за присоединување.

Шефер ќе сугерира брзо решение за името

Макфакс - 01.04.2008

Скопје НАТО не е инволвиран во разликите меѓу Скопје и Атина околу името, но е заинтересиран ако може тоа да се реши до средината на јуни, за Македонија да ги стигне Албанија и Хрватска во Алијансата. Ова, според најавите од Брисел, е пораката која генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Шефер ќе ...

Македонија ќе ја добие поканата за НАТО

Вечер Прес - 01.04.2008

Спорот со Грција ќе мора да го реши до 30 јуни 2009 година, вели Вакнин повикувајќи се на информација објавена во весникот Хроникл Македонија ќе добие покана за членство во НАТО и покрај спорот со Грција, констатира аналитичарот Сем Вакнин повикувајќи се на информација објавена во весникот Хроникл ...

Црвенковски: Грција ја прекрши времената спогодба

Макфакс - 01.04.2008

Скопје Грција ја прекрши времената спогодба со неодамнешното флагрантно кршење на членот 11 од документот, ставајќи вето на приемот на Македонија во НАТО на самитот во Букурешт. Ова се вели во писмото што денеска го испрати македонскиот претседател Бранко Црвенковски до генералниот секретар на ...

Нема одложување на поканите поради името

Макфакс - 01.04.2008

Вашингтон Не се планира одложување на Самитот на НАТО или на поканите за членство поради прашањето за името на Македонија. Ова синоќа во Вашингтон го изјави портпаролот на Стејт Департментот Том Кејси, одговарајќи на прашање на грчки новинар дали се разгледува давање дополнителен рок од три до шест ...

Месиќ во Албанија

Макфакс - 01.04.2008

Загреб Хрватскиот претседател Стјепан Месиќ денеска ќе допатува во дводневна посета на Албанија на средби со државниот врв, соопшти кабинетот на шефот на хрватската држава. Претседателот на Хрватска денеска треба да се сретне со албанскиот претседател Бамир Топи, со премиерот Сали Бериша, ...

Украина и Грузија започнуваат интензивна соработка со НАТО

Макфакс - 01.04.2008

Брисел Украина и Грузија започнуваат процес на интензивна соработка со воената Алијанса, како резултат на одлуките донесени на самитот во Букурешт, соопшти портпаролот на НАТО, Џејмс Апатурај. Тој истакна дека наскоро во Киев и Тбилиси ќе заминат високи делегации на НАТО.

Македонија со писма до членките на НАТО

Макфакс - 01.04.2008

Скопје Македонија испрати писма до државите-членки на Алијансата со повик да ја примат во НАТО без разлика дали ќе се реши прашањето за името со соседна Грција. “Името на државите никогаш не било критериум за членство во НАТО“, се наведува во писмото што шефот на македонската дипломатија Антонио ...

Груевски замина за Букурешт со надеж за покана

Макфакс - 01.04.2008

Скопје Македонскиот премиер Никола Груевски замина на Самитот во Букурешт со надеж дека Македонија ќе добие покана за членство во НАТО. Груевски верува во членството, иако како што вели се уште го нема ставот од Грција во врска со поканата за Македонија, јави Македонската телевизија.

Шефот на НАТО во Македонија

Макфакс - 01.04.2008

Скопје Генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Шефер денеска во Скопје на средби со државните раководители ќе повтори дека се чека разврска за името за приемот на Македонија. Предвидено е Шефер да биде примен од претседателот Бранко Црвенковски и да разговара со премиерот Никола Груевски и ...

Шефер – Решение за името до јули за влез во НАТО

Макфакс - 01.04.2008

Скопје Македонија има шанси наскоро да стане членка на НАТО, ако до почетокот на јули пронајде решение за името, порача денеска во Скопје генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Шефер. Шефер изрази надеж дека Македонија ќе им се приклучи на Албанија и Хрватска, на 9-ти јули, кога двете земји ги ...

Хрватска и Албанија во НАТО во 2009

Макфакс - 01.04.2008

Брисел Генералниот секретар на НАТО Јаап де Хоп Шефер синоќа упати писмо до шефовите на дипломатии на Хрватска и на Албанија за формален почеток на преговори за прием во Алијансата. “НАТО се надева дека Хрватска и Албанија ќе бидат во состојба да се приклучат на Сојузот на Самитот во 2009 година“, ...

Црна Гора во НАТО во 2009 година

Макфакс - 01.04.2008

Подгорица Црна Гора најверојатно ќе добие покана за членство во НАТО на самитот на Алијансата во Берлин во 2009 година. Ова, во анализата за црногорскиот весник „Република“, го изнесува воениот аналитичар Зоран Драгишиќ. Според него, на самитот на НАТО во Букурешт земјите од Јадранската група – ...

Поканата за Македонија ќе уследи по постигнување на договор со Грција

Макфакс - 01.04.2008

Прага Македонија ќе ја добие поканата за влез во НАТО, веднаш штом ќе постигне договор со Грција за взаемно прифатливо решение за името на државата. Ова денеска го изјави новиот американски амбасадор во НАТО, Курт Вокер во интервју за чешкиот весник „Хосподарске новини“, претставувајќи ги ...

Самитот на НАТО ќе чини 26 милиони евра

Вечер Прес - 31.03.2008

Македонија заслужува покана за НАТО, вели романскиот амбасадор Адријан Константински. Подготовките за самитот привршуваат. Ќе се потрошат 26 милиони евра. Се очекуваат 26 претседатели и 28 премиери на држави. - НАТО самитот ќе биде најголемиот досега во историјата на организацијата.