TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Обновено во13:39
24 Вести

Марковски: Вештачењето нарачано од одбраната на Јованов е селективно и со сериозни методолошки пропусти

24 Вести - пред: 17 мин

Со осврт на опфатот и методолошкиот пристап во вештачењата изработени од Петре Русески, Василка Каевска и Инает Дани, како и на усното излагање на вештото лице Петре Русески, денеска продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во судницата во затворот ...

16 вести »+2 теми »сумирано » ●прашања »

Наунов: Нема да дозволиме спорни вештачења и неправди да ја прикријат одговорноста за пожарот во „Пулс“

24 Вести - пред: 17 мин

Претседателот на Здружението „16 март“ и родител на една од жртвите во пожарот во дискотеката „Пулс“, Александар Наунов, во врска со денешното судско рочиште изјави дека семејствата на настраданите нема да дозволат одговорноста да биде релативизирана преку спорни вештачења ...

10 вести »+4 теми »прашања »

Николоски - Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија

24 Вести - пред: 19 мин

Стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредувањето на меѓусебната соработка и зајакнувањето на партнерските односи во повеќе области беа во фокусот на денешната работна средба на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски со ...

14 вести »+1 тема »прашања »

Славески: Состојбата во Алта банка АД Битола и нејзиниот биланс се здрави и солидни, се бара нов сопственик

24 Вести - пред: 21 мин

Состојбата во Алта банка АД Битола и нејзиниот биланс се здрави и солидни. Капитализираноста на банката е речиси 26 %, значајно повеќе од законскиот минимум од 8 % и значајно над стапката што би барала отворање стечај, тоа е под 2 %. Ликвидноста на банката е висока.

24 вести »+21 теми »сумирано » ●прашања »

Мицкоски: Алта банка нема да банкротира како Еуростандард во времето на СДСМ

24 Вести - пред: 23 мин

Како претседател на Владата и државотворна Влада, државотворен политичар, се разбира, сè ќе сторам да најдам решение за проблемот што се случува во државата и нема да го игнорирам тој проблем, исто како што правев во опозиција кога се случуваше енергетската криза - кога нудев ...

104 вести »+19 теми »сумирано » ●прашања »

Судскиот совет го избра Субхи Јакупи за претседател на Управниот суд

24 Вести - пред: 23 мин

Судскиот совет го избра Субхи Јакупи, судија во Вишиот управен суд, за нов претседател на Управниот суд, оценувајќи дека неговата програма, досегашното искуство и познавањето на управното судство го издвојуваат меѓу кандидатите.

15 вести »+1 тема »прашања »

Лашкоска: Нема одложување на новите еколошки обврски за индустријата

24 Вести - пред: 25 мин

Законот за контрола на индустриски емисии ќе почне да се применува од септември 2027 година, а одложување на обврските нема да има, порача заменик-министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска на панелот „Рударство, развој и животна средина“, одржан во рамки ...

5 вести »+1 тема »прашања »

UN Women EXPO 2026: Женското претприемништво креира иновации, нови работни места и посилна економија

24 Вести - пред: 27 мин

Стимулирањето на женското претприемништво во најголема мера зависи од пристапот до капитал, воведувањето иновации и ефикасното користење нови технологии, е клучната порака од годинешниот Саем за женско претприемништво EXPO 2026, кој го организира канцеларијата на UN Women во ...

4 вести »прашања »

Пазарот на недвижности во третото тримесечје од 2026 година со намалена динамика кај купопродажбите

24 Вести - пред: 29 мин

Податоците во третиот квартал од 2026 година покажуваат дека пазарот на недвижности во нашата држава и понатаму бележи значителна економска активност, но со намалена динамика кај купопродажбите. Во овој период се регистрирани 7.679 трансакции, што претставува намалување од 8,2 % ...

20 вести »+7 теми »сумирано » ●прашања »

Рубио потврди дека Трамп следната недела во Шенжен планира средба со лидерите на Кина и Русија

24 Вести - пред: 4 часа

Американскиот државен секретар, Марко Рубио, потврди дека претседателот Доналд Трамп има намера следната недела во Шенжен да разговара со лидерите на Кина и Русија. Кина минатата недела соопшти дека се разговара за средба на кинескиот претседател Шј Џјинпинг, Трамп и рускиот ...

5 вести »+3 теми »прашања »

Американски војник уапсен во Британија под сомнение за шпионажа во корист на Русија

24 Вести - пред: 4 часа

Високопозициониран американски војник е уапсен во Британија под сомнение дека шпионирал во корист на Русија, соопшти синоќа британската полиција, еден ден откако САД преместија авион од британска воена база поради закана за која се тврди дека е поврзана со Иран.

11 вести »+5 теми »прашања »

Демократите најавуваат истрага за притисоците на Трамп врз разузнавачите

24 Вести - пред: 4 часа

Демократите во американскиот Конгрес подготвуваат истрага за наводната политизација на разузнавачките служби за време на вториот мандат на Доналд Трамп, вклучително и отпуштање на вработени и притисок врз аналитичарите да избегнуваат политички чувствителни теми.

2 вести »+3 теми »прашања »

Верижен судир во Јужна Кореја; Автобус удри во 32 возила, повредени се 48 лица

24 Вести - пред: 4 часа

Најмалку 48 лица се повредени денеска во верижен судир во градот Сеонгнам, јужно од Сеул, кога градски автобус се судрил со повеќе од 30 возила што чекале на семафор, соопштија официјални лица. Во несреќата, што се случила во 7:34 часот по локално време во округот Бунданг, ...

9 вести »+4 теми »сумирано »прашања »

Претставничкиот дом ја блокираше постапката за импичмент против американскиот министер за одбрана Пит Хегсет

24 Вести - пред: 4 часа

Претставничкиот дом, што е под контрола на републиканците, презеде процедурални мерки со кои ефикасно го блокира обидот за импичмент против министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, купувајќи повеќе време пред демократите да ја преземат контролата врз Конгресот следната година и ...

33 вести »+10 теми »сумирано »прашања »

Американските акции паѓаат поради раст на инфлација, цените на нафтата се намалуваат

24 Вести - пред: 4 часа

Американскиот пазар на акции бележи пад на вредноста на акциите откако извештај покажа дека инфлацијата во САД минатиот месец била повисока од очекувањата на економистите. Индексот S&P 500 на Волстрит падна за 0,4%, откажувајќи се од дел од добивките остварени за време на ...

15 вести »+13 теми »сумирано »прашања »

Литванија го повлече предупредувањето за закана во својот воздушен простор долж границата со Белорусија

24 Вести - пред: 4 часа

Летонија и Литванија синоќа издадоа предупредувања за закана во нивниот воздушен простор во близина на Белорусија и соопштија дека се подигнати борбени авиони, но Литванија набрзо го повлече предупредувањето. Литванската РТВ ЛРТ објави дека синоќа, околу 23:00 часот, властите ...

14 вести »+4 теми »сумирано »прашања »

Судскиот совет ќе одлучува за избор на претседател на Управниот суд

24 Вести - пред: 5 часа

Судскиот совет денеска треба да го усвои извештајот со предлог листа на кандидати за претседател на Управен суд и да донесе одлука за избор. На дневен ред на денешната седница, покрај изборот, е и одлучување по изјави на судии за продолжување на судиската функција како и ...

2 вести »прашања »

Со изведување докази на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

24 Вести - пред: 5 часа

Со изведување докази на одбраната, која има најавено 240 сведоци, во судницата во затворот „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На претходното рочиште Јавното обвинителство истакна сериозни забелешки ...

16 вести »+2 теми »сумирано » ●прашања »

Продолжува судскиот процес за „Државна лотарија“

24 Вести - пред: 5 часа

Во Основниот Кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за предметот „Државна лотарија“ во кој се обвинети поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, поранешниот директор на АД „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, и уште шест лица.

12 вести »+1 тема »прашања »

Во Собранието надзорна расправа за „АЛТА банка“

24 Вести - пред: 5 часа

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ќе одржи надзорна расправа за причините за воведувањето администрација во „АЛТА банка“ АД Битола, постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност.

32 вести »+13 теми »сумирано »прашања »