Клиентите на „Алта банка“ АД Битола кои немаат платежни картички од денеска можат да подигнат готовина и на шалтерите во Тетово и Струмица, покрај оние во Битола. На шалтерите можат да подигнат до 20.000 денари, соопшти Народната банка.
35 вести »+10 теми »прашања »Вкупно 2.158 амандмани се поднесени на измените на Законот за јавните набавки, кои повторно се враќаат пред пратениците откако претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одби да го потпише указот за нивно прогласување.
7 вести »сумирано »прашања »Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип им го ставил работниот однос во мирување на двајца вработени и целосно им ги одзел системските и администраторските привилегии во електронскиот систем за студентски досиеја, откако Основното јавно обвинителство Штип повело постапка против нив.
5 вести »прашања »Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека се согласува Обвинителството да отвори случај и да спроведе истрага за „Алта банка“. Одговарајќи на новинарско прашање во Охрид за барањата на СДСМ да се испита како Давор Мацура добил одобрение за влез на македонскиот банкарски пазар, ...
26 вести »+9 теми »сумирано » ●прашања »Премиерот Христијан Мицкоски очекува друга банка да стане нов сопственик на „Алта банка“ АД Битола и да се обезбеди продолжување на нејзиното работење. Во изјава за медиумите во Охрид, тој изрази оптимизам за исходот од постапката, а аукцијата за продажба на акциите ја очекува ...
26 вести »+9 теми »сумирано » ●прашања »Рударството и геологијата се меѓу клучните области за економската иднина на Македонија, но најновите статистички показатели укажуваат дека секторот се соочува со континуирано влошување. Во септември 2026 година, индустриското производство во рударството е намалено за 7,7% во ...
7 вести »+2 теми »прашања »Постепено затоплување до петок, а потоа пад на температурите за викендот покажува прогнозата за периодот од 9 до 22 ноември. Ќе се менуваат облачни и сончеви периоди, со дожд најавен за 11 и 16 ноември. Денеска, 9 ноември, се очекува променливо облачно време, со минимална ...
61 вести »+3 теми »сумирано »прашања »Денешното рочиште за случајот „Онкологија“ во Основниот кривичен суд Скопје е одложено поради здравствени причини на судијката Снежана Марковска. Од Судот соопштија дека продолжувањето на постапката е закажано за 25 ноември.
8 вести »сумирано »прашања »ОВР Дебар поднесе кривична пријава против С.Ц. (22) од дебарско село поради сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“. Според полицијата, на 13 август годинава пријавениот воспоставил вонбрачна заедница со малолетничка од дебарско, откако ја зел со автомобил во ...
6 вести »+3 теми »прашања »Ф.С. (37) од Тетово бил донесен без знаци на живот на Интерното одделение во тетовската Клиничка болница. Од болницата го пријавиле случајот во СВР Тетово на 8 ноември во 16:35 часот. Лекар констатирал смрт, без видливи траги на насилство.
16 вести »+3 теми »сумирано »прашања »Инстант лозот „Макси златна рипка“, на Државна лотарија, на играчите им нуди можност да освојат вредни парични добивки, меѓу кои и 10 премии од по 1.000.000 денари. Овој инстант лоз нуди интересна игра и богат фонд на добивки, што ја зголемува возбудата кај сите љубители на ...
11 вести »+1 тема »прашања »Од денеска, 9 ноември, почнува примената на новите правила во домашниот платен промет. Промените ги опфаќаат платните налози, шифрите за целта на плаќањето и начинот на означување на денарските платежни сметки.
25 вести »+3 теми »сумирано »прашања »Во турскиот град Анталија од денеска до 20 ноември се одржува 31. конференција на Обединетите нации за климатски промени — COP31, на која се очекуваат претставници од повеќе од 190 земји. Намалувањето на зависноста од фосилни горива, финансирањето на климатските мерки и ...
4 вести »+5 теми »сумирано »прашања »Од 1 декември се менуваат критериумите за издавање боледување. Периодот во кој матичниот лекар може да одобри отсуство без дополнителни дијагностички критериуми се скратува од седум на пет дена, објавува „Журнал.мк“.
15 вести »+1 тема »прашања »Вработени во ветеринарно-здравствениот сектор денеска, 9 ноември, ќе одржат мирен протестен собир поради лошата состојба во секторот и застојот во спроведувањето на превентивните мерки за заштита на здравјето на животните.
10 вести »+1 тема »прашања »Македонија направила сè што Европската унија побарала од неа за напредок кон членството, а бугарската блокада создава лош преседан за целиот регион, оцени поранешниот специјален претставник на САД за Западен Балкан, Метју Палмер во интервју за МРТ.
10 вести »+2 теми »прашања »Приведувања на високи полициски функционери, истраги за изборни злоупотреби, оставки во јавните медиумски сервиси и сомневања за извлекување стотици милиони евра од „Алта банка“ ги одбележаа првите две недели по изборната победа на Студентската листа во Србија.
+3 теми »прашања »Двајца мажи се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила утрово околу 5:30 часот на автопатот во близина на аеродромот „Никола Тесла“, во правец кон Белград, потврдила белградската Итна помош за агенцијата Бета.
10 вести »+13 теми »сумирано »прашања »Либерално-демократската партија покрена онлајн петиција со цел да собере 10.000 потписи за иницијатива за референдум за итно воведување електронски нараквици за насилниците и сторителите на семејно насилство. Според предлогот, електронскиот надзор треба да овозможи ...
15 вести »+1 тема »сумирано »прашања »Од 1 декември почнуваат да се применуваат новите мерки на Народната банка, со кои се намалува дозволениот однос меѓу месечните кредитни обврски и приходите на граѓаните. Се скратуваат и максималните рокови за отплата на кредитите за втор или дополнителен стан и на хипотекарните ...
5 вести »сумирано »прашања »