TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Обновено во09:59
Колегиум

Рекорден број учесници на Скопскиот маратон, Скопје со посебен сообраќаен режим

Колегиум - пред: 40 мин

Рекордни 15.050 натпреварувачи од 63 земји ќе учествуваат на годинешното 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон, кој ќе се одржи денеска во Скопје. Покрај рекордниот број учесници, на стартот ќе има и елитни тркачи од повеќе земји, кои ќе се борат за најдобрите резултати.

64 вести »+3 теми »сумирано »прашања »

Револуцијата не чека избори

Колегиум - пред: 1 час

Америка на почетокот на XX век е сè уште рурална држава, каде просечен земјоделец на својата фарма има неколку коњи, десетина работници и живее од обработувањето на земјата. Еден ден соседот купува трактор. Одеднаш, работата за која ви биле потребни десет луѓе може да ја завршат ...

прашања »

Македонија – Шкотска 0:2 во Лигата на нации

Колегиум - пред: 10 часа

Фудбалската репрезентацијата на Шкотска заслужено славеше со 0-2 против Македонија вечерва на арената „Тодор Провски“ на мечот од Лигата на нации, носејќи му ја првата победа на новиот селектор Себастиен Покоњоли.

102 вести »+19 теми »сумирано »прашања »

Дебакл на Хрватска во Лигата на нации: Прими седум гола од Англија

Колегиум - пред: 13 часа

Хрватската фудбалска репрезентација вечерва го претрпе еден од најтешките порази во својата историја, откако во Ријека прими седум гола од Англија во дуелот од Лигата на нациите. Катастрофата на Хрватска почна по само шест минути игра кога Хари Кејн го отвори резултатот, а во ...

26 вести »+12 теми »сумирано »прашања »

Зеленски: Ќе нападнеме уште посилно на руските рафинерии

Колегиум - пред: 14 часа

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави дека Украина ќе ги засили нападите врз руските рафинерии за нафта како одговор на новата политика на Москва за спроведување воздушни напади со цел принудување на населението да го напушти Киев и другите градови, но нема ...

17 вести »+22 теми »сумирано »прашања »

Германија ризикува да се врати во времето на Вајмарската Република, предупредува Штајнмаер

Колегиум - пред: 16 часа

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер предупреди дека Германија ризикува да се врати во поделбите на Вајмарската Република пред Втората светска војна поради бранот дезинформации што ги шират антидемократските сили, објавија германските и британските медиуми.

7 вести »+4 теми »прашања »

Мицкоски за останките на Цар Самоил: Тоа го гледам низ призма на Бледскиот договор со кој беа пренесени и моштите на Гоце Делчев

Колегиум - пред: 19 часа

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во врска предавањето на посмртните останки што се идентификуваат со Цар Самоил, од Грција во Бугарија, се осврна на Бледскиот договор, посочувајќи на историскиот контекст по капитулацијата на Бугарија во Втората светска војна и на ...

17 вести »+4 теми »сумирано »прашања »

Рама ја критикува ЕУ: Она што ѝ се ветува на Украина е лага!

Колегиум - пред: 19 часа

Албанскиот премиер Еди Рама, во интервју за германскиот весник „Велт“, остро го критикуваше пристапот на Европската унија (ЕУ) кон преговорите за пристапување на Украина. Рама зборуваше за процесот на пристапување на земјите од Западен Балкан во Европската Унија.

8 вести »+2 теми »прашања »

Мицкоски не е задоволен од пораките на фон дер Лајен за уставните измени

Колегиум - пред: 20 часа

За премиерот Христијан Мицкоски вчерашната средба со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен била исклучително пријателска, корисна и содржајна, и дека таа можеби ќе биде клучна за некои процеси во иднина, иако, како што рече, не е задоволен од пораките во ...

136 вести »+17 теми »сумирано »прашања »

Царот меѓу археологијата и политиката: Останките од Самоил пренесени од Грција во Бугарија

Колегиум - пред: 23 часа

Останките на средновековниот владетел Цар Самоил ѝ беа предадени на Бугарија, денеска (3.10.2026) на церемонија во Музејот на византиската култура во Солун. На церемонијата присуствуваа бугарскиот премиер Румен Радев и неговиот грчки колега Киријакос Мицотакис, во чие присуство, ...

37 вести »+26 теми »сумирано » ●прашања »

Волстрит џурнал: Копилотот кој се обиде да го собори авионот на „Флајдубаи“ бил под суспензија

Колегиум - пред: 23 часа

Копилотот на „Флајдубаи“, кој неделава се обиде да собори авион полн со Израелци, претходно бил суспендиран од летање во Оман поради загриженост дека е радикализиран, изјавија денеска неименувани извори запознаени со случајот за „Волстрит џурнал“ (WSJ).

25 вести »+6 теми »сумирано »прашања »

Инфлацијата е стабилизирана, тврди министерот Дурмиши

Колегиум - 03.10.2026

Инфлацијата во земјава е стабилна и инфлаторните притисоци се значително намалени во споредба со претходните години, изјави министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Според Дурмиши, најновите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат инфлација од 2,6 проценти, ...

9 вести »+1 тема »прашања »

31 година од атентатот врз претседателот Глигоров: Истрага, фотороботи, но не и уапсени

Колегиум - 03.10.2026

Денес се навршуваат 31 година од атентатот врз првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров. Атентатот беше извршен со автомобил-бомба во 9.50 часот во 1995 година на улица Македонија, пред хотелот „Бристол“, во најстрогиот центар на Скопје кога Глигоров, со ...

40 вести »+2 теми »сумирано »прашања »

Директор од Лотарија сведочеше во полза на Груби и стана „непријателски сведок“ на обвинителството

Колегиум - 03.10.2026

Директор во Акционерското друштво „Државна лотарија“ на судско рочиште на 2 октомври за злоупотребите во оваа институција, сведочеше во полза на одбраната на поранешниот вицепремиер Артан Груби. Како што јавија повеќе медиуми кои присуствувале на рочиштето, станува збор актуелен ...

23 вести »+2 теми »сумирано »прашања »

Српската дијаспора урива рекорди со пријави за гласање на изборите

Колегиум - 02.10.2026

Српската дијаспора урива рекорди по бројот на пријавени за гласање на претстојните парламентарни избори, објави телевизијата Н1 во пресрет на истекот на рокот за пријавување на полноќ. Голем дел од оние што се пријавиле за гласање, сè уште не добиле одговор од амбасадите или ...

3 вести »+5 теми »сумирано »прашања »

Муцунски побара официјална средба со бугарската министерка Петрова-Чамова

Колегиум - 02.10.2026

Скопје официјално побарало средба меѓу шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски и министерка за надворешни работи на Бугарија, Велислава Петрова-Чамова, потврдиле од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија потврдија за државната агенција МИА.

136 вести »+17 теми »сумирано »прашања »

Од „Венко, ти си на потег“ до „Партијата не е на продажба“ – битката во СДСМ на отворена сцена

Колегиум - 02.10.2026

Платформата што бара промени во СДСМ – „Разговори за иднината во 12:05“ доставија писмени предлози до раководството на СДСМ за структурни промени, барајќи неотповиклива оставка од лидерот Венко Филипче. Од Бухаќка, пак, им одговорија со потсмев и иронија порачувајќи им дека ...

3 вести »+4 теми »прашања »

Фон дер Лајен: Деблокирајте го процесот, па ќе дојдеме со европски патоказ

Колегиум - 02.10.2026

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен го советувала премиерот Христијан Мицкоски да побара билатерална средба помеѓу министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија во Софија, а со цел да се деблокира евроинтегративниот процес на државата.

136 вести »+17 теми »сумирано »прашања »

Над четири илјади луѓе умреле од ебола во Конго

Колегиум - 02.10.2026

Бројот на починати во епидемијата на ебола во Демократска Република Конго надмина 4.000, покажуваат владините податоци објавени денеска, во време кога најтешката епидемија во историјата на земјата и натаму се спротивставува на напорите за нејзино ставање под контрола.

6 вести »+3 теми »прашања »

Цените на храната во светот највисоки во последните 4 години

Колегиум - 02.10.2026

Во септември годинава цените на храната во светот пораснале трет месец по ред и сега се на највисоко ниво од ноември 2022 година, а посебно поскапеа житариците, соопшти денеска Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

17 вести »+6 теми »сумирано »прашања »