TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Обновено во09:07
Либертас

ЛДП: Капитулираат пред жртвите и 17.500 потписи на гневни граѓани

Либертас - 13.11.2026

Овозможија дузина загубени животи на наши сограѓанки и голем број на човечки трагедии. Свесно и искалкулирано одлучија да ги отфрлат предлозите од април 2025 и март 2026 година за електронски нараквици за насилниците, предложени од ЛДП преку лидерката Моника Зајкова.

10 вести »+4 теми »прашања »

За 69 отсто зголемени пријавите за семејно насилство, речиси 1.900 случаи за десет месеци, меѓу жртвите и 100 деца

Либертас - 13.11.2026

Бројот на пријавени случаи на семејно насилство во Македонија бележи значителен раст. Во првите десет месеци од 2026 година во полицијата биле пријавени 1.897 настани, наспроти 1.125 во истиот период минатата година, што претставува зголемување од околу 69 проценти.

56 вести »+8 теми »сумирано »прашања »

По смртта на спортистот на Психијатрија во Загреб, уапсени петмина вработени во болницата во Зеница поради насилство врз пациент

Либертас - 13.11.2026

По случајот со смртта на поранешниот атлетичар Кристијан Јосип Периш во психијатриска клиника во Хрватска, кој предизвика бурни реакции во јавноста, нов случај на сомнеж за насилство врз пациент е регистриран во Босна и Херцеговина.

45 вести »+4 теми »сумирано »прашања »

Зголемен број пациенти со респираторни инфекции регистрираат здравствените установи во Куманово

Либертас - 13.11.2026

Во Ургентниот центар од Општата болница Куманово, лекарска помош најчесто бараат пациенти поради зголемена телесна температура, кашлица, болки во грлото и мускулите, малаксаност. Лекарите посочуваат дека меѓу пациентите има повозрасни лица и хронично болни, но и помлади граѓани.

8 вести »+4 теми »сумирано »прашања »

Практичниот дел од правосудниот испит ќе се полага само на македонски јазик, тврди Мицкоски

Либертас - 13.11.2026

Премиерот Христијан Мицкоски појасни дека предложеното решение за полагање на правосудниот испит предвидува два дела, при што теоретскиот ќе може да се полага и на албански, турски или англиски јазик, додека практичниот дел ќе биде исклучиво на македонски јазик и кирилско писмо.

24 вести »+10 теми »сумирано »прашања »

Венецијанската комисија ќе го оценува новиот модел за полагање на правосудниот испит

Либертас - 13.11.2026

Владата ја усвои потребата од итно мислење од Венецијанската комисија за предложениот модел за полагање на правосудниот испит, соопшти Министерството за правда. Со ова се бара независна меѓународна експертска оцена за тоа дали предложеното решение е усогласено со Уставот, ...

2 вести »прашања »

Новите измени на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно, најави Мицкоски

Либертас - 13.11.2026

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата ги испратила во Брисел предлог-измените на Кривичниот законик и Законот за кривичната постапка, нагласувајќи дека тие ќе се применуваат само за идните случаи, а не ретроактивно.

35 вести »+13 теми »сумирано »прашања »

Две лица со автомобил се обиделе да прегазат полицајци во Чегране

Либертас - 13.11.2026

Полициска акција во гостиварското село Чегране завршила со приведување на тројца мажи, откако кај еден од нив била пронајдена бела прашкаста материја, а двајца други се обиделе со автомобил да ги прегазат полициските службеници.

17 вести »+8 теми »сумирано »прашања »

АХВ најави вонредна контрола во млекара по косовската забрана за увоз поради ешерихија коли

Либертас - 13.11.2026

Агенцијата за храна и ветеринарство најави вонреден инспекциски надзор во македонска млекара, откако косовските ветеринарни власти забраниле увоз на нејзини производи поради утврдено присуство на бактеријата ешерихија коли.

4 вести »+1 тема »прашања »

(ВИДЕО) Фрчкоски: Савески треба да преземе мерки на претпазливост, вклучително привремена забрана за вршење на должноста на Славески

Либертас - 13.11.2026

Прес конференција на СДСМ, Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот Откако пукна огромниот скандал со Алта банка, гледаме панични обиди на Христијан Мицкоски во одбрана на банката на Вучиќ и намера да се ...

37 вести »+12 теми »сумирано »прашања »

Возот свири оддалеку и подзастанува пред да помине, граѓаните бараат функционални рампи за поголема безбедност

Либертас - 13.11.2026

Воз поминува низ железнички премин во општина Гази Баба, додека рампите остануваат кренати, пренесува фејсбук-групата „Ѕид на Општина Гази Баба“. Кога поминува воз со вагон, свири оддалеку да алармира и подзастанува пред да помине, но возачите и жителите бараат функционални ...

4 вести »прашања »

Без задолжителен воен рок, реформи за БИА и прекинување на испорака на оружје за Израел – што планира новата власт во Србија?

Либертас - 13.11.2026

Големи промени во одбранбената и безбедносната политика најавува Студентската листа во Србија, по изборната победа. Меѓу главните предлози се прекинување на испораките на оружје за Израел, откажување од враќањето на задолжителниот воен рок, зголемување на воениот буџет и темелна ...

6 вести »+6 теми »прашања »

Колку јајца треба да јадете дневно ако тренирате? Цели се подобри

Либертас - 13.11.2026

Јајцата се еден од најпристапните извори на квалитетни протеини, па затоа многу спортисти и рекреативни спортисти ги јадат секој ден. И покрај ова, во фитнес круговите сè уште можете да го чуете советот дека протеините се исклучиво во белката, додека жолчката е само маст.

7 вести »прашања »

Истражување: Над 70 отсто од Европејците поддржуваат формирање армија на Европската Унија

Либертас - 13.11.2026

Околу 71 отсто од граѓаните на Европа поддржуваат формирање армија на Европската Унија, додека 78 проценти од испитаниците во земјите-членки на Унијата сметаат дека треба да се зајакнат нејзините одбранбени капацитети во соработка со НАТО.

8 вести »+2 теми »прашања »

Во меѓународна акција на Европол уапсени 354 лица поврзани со продажба на нелегална стока на „дарк веб“

Либертас - 13.11.2026

Во меѓународна полициска акција координирана од Европол, уапсени се 354 лица кои продавале или купувале нелегална стока преку „дарк веб“, а биле запленети повеќе од 210 милиони евра во готовина и криптовалути. Како што соопшти Европол, во акцијата под кодно име „ТорНадо“ ...

15 вести »+5 теми »прашања »

Кушнер: САД работат на најголема размена на воени заробеници од почетокот на војната во Украина

Либертас - 13.11.2026

Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп и негов зет, Џаред Кушнер изјави дека Русија и Украина се согласиле да ги вклучат европските земји во следната рунда преговори и дека Вашингтон работи на „најголемата размена на затвореници“ во таа војна.

3 вести »+13 теми »прашања »

Вода во собите на „Стив Наумов“, кој треба да ги санира штетите, прашува Зајкова

Либертас - 13.11.2026

Помалку од еден месец по отворањето на реновираниот студентски дом „Стив Наумов“ во Скопје, студентите пријавија дека вода им влегува во собите. Пратеничката и претседателка на ЛДП, Моника Зајкова, во „Аргумент плус“ на Телевизија 24 праша кој ќе одговара за квалитетот на ...

прашања »

Левица: „Откриен дилот меѓу премиерот и претседателот на Уставниот суд – милионски предмет во фиока во замена за професорско место

Либертас - 13.11.2026

„Европскиот суд за човекови права – Стразбур, со пресудата „АД Осигурителна полиса против Република Македонија“ од ноември 2025 година одлучи дека нашата држава, како тужена странка, со децении неоправдано и противправно ги привилегира државните неплаќачи – јавни органи, јавни ...

8 вести »+5 теми »прашања »

Рашковски барал 10.000 евра отштета поради неоправдан притвор, а добил само 750 евра

Либертас - 13.11.2026

Поранешниот генерален секретар на Владата во времето на Зоран Заев, Драги Рашковски, доби пресуда од Европскиот суд за човекови права во Стразбур, со која е утврдено дека дел од притворот што му бил одреден не бил оправдан.

3 вести »прашања »

Почна расправата за Буџетот за 2027 година, во Собранието пристигнаа над 300 амандмани

Либертас - 13.11.2026

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ја започна расправата за Предлог-буџетот за 2027 година во второ читање. Комисиската дебата ќе трае 10 дена, од кои четири се предвидени за општ претрес, а шест за разгледување на поднесените амандмани.

37 вести »+13 теми »сумирано »прашања »