TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Обновено во08:21
Макфакс

Од денеска задолжителна зимска опрема во возилата

Макфакс - 14.11.2026

Од денеска возачите во Македонија мора да имаат задолжителна зимска опрема во своите возила. Законската обврска важи до 15 март следната година и се однесува на сите возила што учествуваат во јавниот сообраќај, без разлика на временските услови.

47 вести »+6 теми »сумирано »прашања »

Ел Нињо може да донесе екстремни горештини, епидемии и загаден воздух во 2027 година, предупредува Светската метеоролошка организација

Макфакс - 14.11.2026

Феноменот Ел Нињо може дополнително да ги зголеми здравствените ризици во 2027 година, предизвикувајќи повеќе заболувања поврзани со високите температури, ширење заразни болести и влошување на квалитетот на воздухот, предупреди генералната секретарка на Светската метеоролошка ...

прашања »

(Видео) Купил стара камена куќа во Шпанија за 3.000 евра, а под подот открил монета стара речиси три века

Макфакс - 14.11.2026

Она што започнало како обид да претвори стара камена руина во свој дом, за Шпанецот Вирхилио се претворило во неочекувано откритие. Додека ја реновирал куќата што ја купил за само 3.000 евра во планинскиот регион Астурија, на северот на Шпанија, под стариот под пронашол монета ...

+1 тема »прашања »

Бундестагот им даде поголеми овластувања на германските разузнавачки служби за борба против шпионажа и тероризам

Макфакс - 14.11.2026

Германскиот Бундестаг во петокот усвои широка реформа со која значително се прошируваат овластувањата на разузнавачките служби во борбата против шпионажата, тероризмот и саботажите. Реформата беше поддржана од 309 пратеници, 190 гласаа против, а 71 беа воздржани.

4 вести »+4 теми »прашања »

СДСМ: Според ММФ Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Макфакс - 14.11.2026

Македонија е на 41. место меѓу 48 европски економии според проектираниот бруто-домашен производ (БДП) по жител за 2026 година, велат од СДСМ, повикувајќи се на податоци од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). „На врвот на листата се Лихтенштајн, Луксембург и Ирска.

34 вести »+5 теми »сумирано »прашања »

Средба на заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски со премиерот на Кралството Камбоџа, Самдеч Моха Борвор Типадеј Хун Манет

Макфакс - 14.11.2026

Денес, во рамки на учеството на Министерската конференција на Франкофонијата во Пном Пен, заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, во својство на шеф на македонската делегација, оствари средба со премиерот на Кралството Камбоџа, Самдеч ...

5 вести »+1 тема »прашања »

Куба се подготвува за можен американски воен напад

Макфакс - 14.11.2026

Куба се подготвува за можен американски воен напад по изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кои беа протолкувани како закана за воена интервенција. Ова го изјави кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел, кој порача дека земјата е подготвена да се брани од секоја ...

8 вести »+4 теми »прашања »

Партијата на Орбан негира дека поранешниот министер има врска со милијардите пронајдени во шуми, магацини и згради во Унгарија

Макфакс - 14.11.2026

Партијата Фидес на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан соопшти дека фотографиите од огромните количества пронајдени пари, кои ги објави Националната канцеларија за враќање и заштита на имотот, немаат никаква поврзаност со поранешниот министер за национален развој и ...

42 вести »+5 теми »сумирано »прашања »

По повеќе од 24 часа прекин, Microsoft ги обнови Teams, Outlook и Copilot, штетите може да достигнат седум милијарди долари

Макфакс - 14.11.2026

По повеќе од 24 часа глобален прекин, „Мајкрософт“ утрово соопшти дека целосно ги обновил услугите на платформите Teams, Outlook, Copilot и другите погодени апликации. Прекинот предизвика проблеми во комуникацијата и работата на компании, владини институции, болници, судови и ...

42 вести »+6 теми »сумирано »прашања »

Зеленски: Американските ограничувања на сателитскиот интернет ја отежнуваат одбраната на Украина од дронови

Макфакс - 14.11.2026

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно ги критикуваше ограничувањата на брзината на сателитската интернет-услуга „Старшилд“ во Украина, оценувајќи дека тие ја отежнуваат одбраната на земјата од напади со дронови.

11 вести »+14 теми »сумирано »прашања »

„Сладоста на горчливите нешта“ со светска премиера на фестивалот во Талин

Макфакс - 13.11.2026

Следната недела, дебитантскиот македонски долгометражен игран филм „Сладоста на горчливите нешта“ (The Sweetness of Bitter Things), во режија на Андреј Волкашин и продукција на Елена Станишева – Веда Филм, ќе ја има својата светска премиера на Tallinn Black Nights Film Festival ...

4 вести »прашања »

Тамара Котевска го освои „Британскиот оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Макфакс - 13.11.2026

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за Оскар и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во ...

10 вести »прашања »

„Неми Филмови“ со Гран при за анимација во Алжир и нови признанија во Индонезија и Унгарија

Макфакс - 13.11.2026

Македонскиот краткометражен анимиран филм „Неми Филмови“ на режисерот Крсте Господиновски ја освои наградата Гран при за анимација на Меѓународниот фестивал на краток филм во Тимимун, Алжир. Ова е најновото во низата меѓународни признанија за филмот, кој неодамна беше награден и ...

4 вести »прашања »

Ана и Игор Дурловски на најголем заеднички концерт досега во Македонија: Два светски гласа – еден „ЗАВЕТ“!

Макфакс - 12.11.2026

„Пасворд продукција“ со особена чест го најавува и организира најголемиот заеднички концерт досега во Македонија на двата најголеми оперски гласа кои оваа земја му ги подари на светот – Ана и Игор Дурловски! На 6 декември 2026 година, во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, Ана и Игор ...

7 вести »прашања »

Премиера на претставата „Црно злато“ во МНТ

Макфакс - 12.11.2026

Македонскиот народен театар на 27 ноември 2026 година, со почеток во 20.00 часот, премиерно ќе ја изведе претставата „Црно злато“, по текст на Дејан Дуковски, во режија на Слободан Унковски. Претпремиерната изведба е закажана за 26 ноември.

10 вести »прашања »

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума го обиколува светот – за два месеца прикажан на три континенти

Макфакс - 12.11.2026

Од Исланд до Бразил, преку Италија, Израел, Шпанија, Германија, Србија, Хрватска и Турција, македонскиот филм „Скејтбордингот не е за девојчиња“, во режија на Дина Дума, продолжува да ја освојува меѓународната филмска сцена со девет фестивалски селекции во октомври и ноември.

5 вести »прашања »

Македонскиот КИЦ во Загреб со ново претставување на современата македонска ликовна и музичка уметност

Макфакс - 12.11.2026

Македонскиот КИЦ во Загреб продолжува со реализацијата на својата програма, посветена на претставувањето на современото македонско уметничко творештво пред хрватската публика. Во рамките на актуелната програмска сезона, во КИЦ беа претставени две уметнички содржини – изложбата ...

3 вести »прашања »

„The Art of Distance“ – самостојна изложба на Дита Старова Ќерими во Чифте Амам

Макфакс - 12.11.2026

На 16 ноември 2026 година, со почеток во 19:00 часот, во Чифте амам, објект на Националната галерија во Скопје, ќе биде отворена самостојната изложба „The Art of Distance“ („Уметноста на оддалеченоста“) на академската сликарка Дита Старова Ќерими.

8 вести »прашања »

„Госпоѓица Јулија“ од Битола првпат гостува во Скопје

Макфакс - 12.11.2026

Независната продукција на „Госпоѓица Јулија“, по текст на Аугуст Стриндберг, а во режија на Иван Јерчиќ, ќе биде изведена во културниот и едукативен центар Лабораториум во петок, 13 ноември, во 20 часот. Претставата првично е поставена и редовно се игра во КИЦ Офицерски Дом во ...

6 вести »прашања »