TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Обновено во09:23
Независен

Кој шири паника за Алта банка?

Независен - 14.11.2026

Манипулациите секогаш се препознаваат кога од власта се бара одговорност, веднаш расправата се префрла на друг терен, а најмалку на направените злоупотреби и катастрофални грешки, како што е случајот со Алта банка Сите граѓани и компании кои биле оштетени што навреме не можеле ...

13 вести »+18 теми »сумирано »прашања »

Пораз од 2:1: Македонските фудбалери и по гостувањето во Шкотска без бодови во Лигата на нации

Независен - 14.11.2026

Македонската фудбалска репрезентација го претрпе петтиот пораз во групата 1 од Б дивизијата во Лигата на нации, а шести во низа, откако вечерва во рамноправен натпревар загуби од Шкотска во Глазгов со 2-1 (0-0).

77 вести »+16 теми »сумирано »прашања »

САД ја укинаа забраната за летови, се очекуваат доцнења

Независен - 14.11.2026

Федералната управа за воздухопловство на САД (ФАА) ја укина четиричасовната забрана за летови воведена поради проблеми со комуникациските системи за контрола на воздушниот сообраќај, но се очекува нарушувањата во авиосообраќајот да продолжат, јави ДПА.

80 вести »+10 теми »сумирано »прашања »

За камионите да не избегнуваат патарина, ќе се воведува електронска наплата на регионалните и магистралните патишта

Независен - 13.11.2026

За камионите се планира воведување електронска наплата на патарини преку портали што ќе се постават на регионалните и магистралните патишта, најави директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), Коце Трајановски.

7 вести »+1 тема »прашања »

Се скараа во владата на Трамп: Министерот за трговија Хауард Лутник обвинет за скандалот со „Нвидија“

Независен - 13.11.2026

Министерот за финансии директно го посочи Лутник за виновник зошто компанијата „Мегаспид“ не била ставена на листата за забрани Американскиот министер за трговија, Хауард Лутник, се соочува со сè поголем притисок поради неговото очигледно непостапување во врска со шпионскиот ...

2 вести »+5 теми »прашања »

Тејлор Свифт ќе настапи на доделувањето на наградите CMA за прв пат по 13 години

Независен - 13.11.2026

Доделувањето на наградите CMA во 2026 година ќе биде во знакот на настапот на Тејлор Свифт! За прв пат по 13 години, 14-кратната добитничка на Греми ќе настапи на церемонијата на доделување награди во Нешвил, според соопштението од CMA и ABC во петок, 13 ноември.

2 вести »+2 теми »прашања »

Патинсон доби поповолни услови за улогата на Бонд, хонорарот значително поголем од конкуренцијата

Независен - 13.11.2026

Британскиот актер Роберт Патинсон се појави како еден од најсериозните кандидати за улогата на Џејмс Бонд, откако се појавија тврдења дека студиото „Амазон МГМ“ му понудило поповолни договорни услови од другите актери кои се разгледуваат за улогата на легендарниот агент 007.

2 вести »+3 теми »прашања »

Објавени бројки: Голем пресврт на глобалниот пазар на автомобили

Независен - 13.11.2026

Глобалниот пазар на автомобили забележа пад на продажбата во првата половина од 2026 година, но резултатите на најголемите производители откриваат големи разлики. Додека Тојота и Фолксваген продолжуваат да ги држат првите две позиции, Стелантис се издвојува со силен раст, Сузуки ...

3 вести »+3 теми »прашања »

Глен Клоуз пред почесниот Оскар: Мислев дека не ми треба утешна награда

Независен - 13.11.2026

Кога 79-годишната актерка Глен Клоуз ја доби веста дека е избрана за добитничка на почесен Оскар, таа имаше две необични мисли – првата реакција беше дека не ѝ треба награда за утеха, а втората дека не знаеше дали сака да ја прекине својата низа порази, пишува АП.

+1 тема »прашања »

Мајкрософт ја откри причината за падот на услугата: Се појави проблем за време на надградба на мрежата

Независен - 13.11.2026

Мајкрософт им се извини на корисниците и партнерите за големиот пад на услугата. Компанијата објави дека причината е технички проблем што се појавил за време на претходната надградба на мрежните капацитети, а не сајбер напад или вештачка интелигенција.

73 вести »+6 теми »сумирано »прашања »

Возила заглавени во снегот во Хрватска, многу камиони без зимска опрема

Независен - 13.11.2026

Силната снежна бура и зимските услови предизвикуваат големи проблеми за патниот и морскиот сообраќај попладнево во Хрватска, при што некои патишта се затворени, а бројни бродски линии се во прекин. Читател на Индекс извести дека возилата се заглавени во колона еден час на ...

14 вести »+11 теми »сумирано »прашања »

Драма на Мис Универзум: Мис од Африка не добија американски визи

Независен - 13.11.2026

Сан Хуан – Се уште не е сигурно дали претставничката на Зимбабве, Розана Хол, ќе учествува на 75-от избор за Мис Универзум во Порторико. Таа и неколку други натпреварувачки од Африка може да го пропуштат натпреварот поради проблеми со добивањето американски визи.

2 вести »+2 теми »сумирано »прашања »

Аврил Лавињ (42)  стана мајка

Независен - 13.11.2026

Аврил Лавињ стана мајка. Пејачката, позната по хитот „Complicated“, го роди своето прво дете, девојче, и ја објави среќната вест на Инстаграм. Таа објави серија црно-бели фотографии на кои се гледа како таа и нејзиниот партнер го држат своето новородено бебе за рака, додека на ...

8 вести »+3 теми »сумирано »прашања »

Зеленски ја покани Ле Пен во Киев. Таа сака средба во Брисел

Независен - 13.11.2026

Лидерката на француската десничарска партија, Марин Ле Пен, изјави дека е подготвена да разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Брисел, иако претходно најави прекин на француската финансиска помош за Украина.

+1 тема »прашања »

ЕУ го договорија тимот за преговорите помеѓу Русија и Украина

Независен - 13.11.2026

Германија, Франција, Велика Британија, Италија и Полска, заедно со институциите на ЕУ, ќе ја претставуваат Европа во евентуални мировни преговори помеѓу Русија и Украина, изјави претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

34 вести »+38 теми »сумирано »прашања »

Историски преседан над Арктикот: Поларниот вртлог се сруши најрано откако се вршат мерења

Независен - 13.11.2026

Најраното ненадејно стратосферско затоплување во запишаната историја е забележано над Арктикот оваа недела, со колапс на поларниот вртлог. Климатските симулации укажуваат на можен постуден и поснежен декември во Европа, но сегашните прогнози сè уште не го потврдуваат ова.

8 вести »+13 теми »сумирано »прашања »

Опозициските прашања ќе бидат повторени, Собранието ги донесе измените на Законот за јавни набавки

Независен - 13.11.2026

Собранието ќе ги повтори опозициските прашања во рамки на 130. пленарна седница, се согласиле координаторите на пратеничките групи, соопшти попладнево претседателот на Собранието Африм Гаши без да прецизира кога ќе се одржи седницата. Потоа пратениците се префрлија на 129.

13 вести »+2 теми »сумирано »прашања »

Четири улици во Скопје утре без вода

Независен - 13.11.2026

ЈП „Водовод и канализација“ известува дека утре со прекин во водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците на населбата Пролет. Оттаму информираат дека поради уличен дефект ф-80 милиметри на улицата „Славе Ѓорѓиевски Шнајдерот“ (кај ДИМ маркет), прекинато водоснабдување ќе имаат ...

9 вести »+3 теми »прашања »

Гренланд ќе ја смени временската зона

Независен - 13.11.2026

Нук – Парламентот на Гренланд вчера изгласа промена на временската зона, со која поголемиот дел од островот на крајот од 2027 година ќе се врати на својата претходна временска зона ГМТ-3. Од 31 октомври 2027 година, временската разлика помеѓу Гренланд и Копенхаген ќе се зголеми ...

8 вести »+2 теми »прашања »

Џенсен Хуанг даде оставка од „Нвидија“. Елон Маск вели дека неговото вработување би било „чест“

Независен - 13.11.2026

Пред Nvidia јавно да го објави заминувањето на Јенсен Хуанг, Елон Маск рече дека сака да го вработи. „Тоа би било чест“, напиша Маск на X во среда вечерта, одговарајќи на објава што гласеше: „Елон, те молам, вработи го Јенсен“.

30 вести »+16 теми »сумирано »прашања »