TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Обновено во20:03
Проверено

ОН ги осудуваат „сите акти на насилство“ за време на протестите низ Европа

Проверено - тукушто објавено

Високиот комесар на ОН за човекови права, Фолкер Турк, ги осуди „сите акти на насилство“ што се случија за време на протестите во неколку европски земји во текот на изминатите неколку дена и ги повика сите вклучени страни да ги „намалат тензиите“.

прашања »

Елина Свитолина и Гаел Монфис се разведуваат: Се изгубив себеси поради војната во Украина

Проверено - пред: 3 часа

Украинската тенисерка Елина Свитолина и францускиот тенисер Гаел Монфис се разведуваат. Ова во долга порака на Инстаграм, го соопшти самата Свитолина, нагласувајќи дека емоционалното влијание врз неа на војната во нејзината земја Украина е преголемо.

9 вести »+3 теми »прашања »

Дали Трамп може целосно да ја прекине поддршката за Украина како следен чекор на притисок врз Зеленски?

Проверено - пред: 4 часа

Се чини дека Американската администрација ги користи сите расположливи средства за да изврши притисок врз Украина да престане со нападите врз рускиот нафтен сектор, од забавување на сателитскиот интернет систем „Старлинк“, преку ограничување на разузнавачките информации и па до ...

85 вести »+59 теми »сумирано »прашања »

Велика Британија испраќа авиони-ловци во Саудиска Арабија како одговор на нападите на Хутите

Проверено - пред: 4 часа

Велика Британија ќе распореди авиони-ловци од типот „Тајфун“ во Саудиска Арабија за да помогне на земјата во одбраната од зачестените напади на јеменските бунтовници Хути, соопшти британскиот министер за одбрана Вес Стритинг.

4 вести »+4 теми »прашања »

Секој со своја пресметка за трошоците на живот, но зад статистиката стои секојдневието на граѓаните

Проверено - пред: 4 часа

Министерството за економија со своја пресметка за трошоците на живот, Сојузот на синдикати со своја. Едната помала, другата поголема. И додека сите пресметуваат колку на граѓанинот му треба за да го помине месецот, тој секој месец се соочува со истото прашање – како да ги покрие ...

39 вести »+3 теми »сумирано »прашања »

Професионалните војници по 45 години ќе можат да останат во Армијата на неопределено време

Проверено - пред: 5 часа

Професионалните војници во Армијата кои ќе наполнат 45 години ќе можат да го трансформираат работниот однос и да продолжат да работат како цивилни лица на неопределено време. Новото решение е усвоено денеска на владина седница, а целта е трајно да се реши статусот на војниците ...

31 вести »+2 теми »сумирано »прашања »

Груби ќе ја повика цела влада на СДСМ и ДУИ да сведочи за видеолотариските терминали

Проверено - пред: 5 часа

Поранешниот вицепремиер Артан Груби за САКАМДАКАЖАМ.МК изјави дека за сведоци во суд ги предложил сите министри присутни на владината седница на 6.06.2023 година, со која тој раководел, а на која била донесена одлуката да се набават спорните вл-терминали за Државна лотарија во ...

18 вести »+1 тема »сумирано »прашања »

Кривична за Јани Макрадули за 10 милиони денари

Проверено - пред: 5 часа

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против поранешниот генерален директор на АД „Пошта на Северна Македонија“, Јани Макрадули., поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување.

23 вести »+1 тема »сумирано »прашања »

-2 денари помалку,Вонредно намалување на цената на дизелот во Македонија

Проверено - пред: 5 часа

Компанијата ОКТА информира дека од денеска овозможува попуст на сите свои добавувачи за дизел гориво кој ќе изнесува 2 денари по литар. Информацијата ја потврди компанијата преку официјално соопштение. “ Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА ...

74 вести »+5 теми »сумирано »прашања »

ИППОС: Климатските штети во Македонија надминале 667 милиони долари, вештачката интелигенција носи нови предизвици за економијата

Проверено - пред: 5 часа

Штетите од природни непогоди и екстремни климатски настани во Северна Македонија во изминатите две децении надминале 667 милиони американски долари, додека забрзаниот развој на вештачката интелигенција отвора нови предизвици за пазарот на трудот, економијата и јавните институции.

3 вести »+1 тема »прашања »

Првпат од 2022 година цената на гасот во Европа се искачи над 90 евра

Проверено - пред: 5 часа

Цената на гасот во Европа денеска се искачи над 90 евра за мегават-час, што е за првпат од 2022 година. На водечката холандска берза за термински договори во Амстердам, европскиот гас денеска во еден момент достигна цена од 90,14 евра за мегават-час, што претставуваше ...

7 вести »+7 теми »сумирано »прашања »

Жена пријавила дека поранешниот партнер ѝ ги одзел телефонот и паричникот, па ја нападнал и ѝ се заканувал

Проверено - пред: 5 часа

Дваесет и осумгодишна жена вчера во 21:30 часот пријавила во СВР Скопје дека на подрачјето на Центар нејзиниот поранешен партнер Е.С. ѝ ги одзел мобилниот телефон и паричникот. Според пријавата, кога се обидела да си ги земе предметите, тој физички ја нападнал и ѝ упатувал ...

2 вести »+4 теми »прашања »

Во Скопје тешко повредени возач на мопед и шестгодишно дете на електричен тротинет

Проверено - пред: 5 часа

Две сообраќајни несреќи со тешко повредени лица биле пријавени вчера во Скопје. Во едната несреќа бил повреден 49-годишен возач на мопед, а во другата шестгодишно дете кое се возело како сопатник на електричен тротинет управуван од 11-годишник.

36 вести »+22 теми »сумирано »прашања »

Уапсен 17-годишник во Скопје, осомничен дека со остар предмет повредил 15-годишник

Проверено - пред: 5 часа

Седумнаесетгодишник од Скопје бил лишен од слобода вчера околу 17 часот на подрачјето на Бит-пазар, по претходна пријава дека со остар предмет нападнал 15-годишник и му нанел повреди. Како што информира Министерството за внатрешни работи, полициските службеници од СВР Скопје ...

39 вести »+15 теми »сумирано »прашања »

Девојка пријавила дека била следена и допирана во скопски Карпош

Проверено - пред: 5 часа

Дваесет и двегодишна жена вчера пријавила во СВР Скопје дека на 18 октомври, околу 00:30 часот, на подрачјето на Карпош, едно лице ја следело, а потоа ја допирало по телото. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

13 вести »+6 теми »прашања »

Итната медицинска помош добива 100 нови амбулантни возила, се преговара за уште 50 во 2027 година

Проверено - пред: 5 часа

Итната медицинска помош добива 100 нови амбулантни возила опремени со ЕКГ, дефибрилатори и респираторна поддршка, а во тек се преговори за набавка на дополнителни 50 возила во 2027 година. Министерот за здравство Сашо Клековски информира дека во моментов се активни 140 возила, а ...

51 вести »+6 теми »сумирано »прашања »

Мицкоски: Писмениот правосуден испит на јазикот на кој е завршено образованието, усниот на македонски

Проверено - пред: 5 часа

Писмениот дел од правосудниот испит треба да се полага на јазикот на кој кандидатот го завршил високото образование, додека усниот дел, кој опфаќа симулација на граѓански и кривичен спор, треба да се одвива на македонски јазик, како официјален јазик во правосудниот систем.

13 вести »+2 теми »сумирано »прашања »

Јапонија во мисија да донесе на Земјата примероци од почвата од една од месечините на Марс

Проверено - пред: 5 часа

Јапонија лансираше вселенска мисија без екипаж кон Фобос, една од месечините на Марс, со цел леталото таму да собере примероци од почвата и да ги донесе назад на Земјата, нешто што никогаш претходно не е направено.

6 вести »+3 теми »сумирано »прашања »

Левица со реакција: Мицкоски ни даде ултиматум – или раѓајте или ќе ви донесам мигранти

Проверено - пред: 6 часа

Мицкоски ни даде ултиматум – или раѓајте повеќе деца или ќе ви донесам економски мигранти, реагира „Левица“ на изјавата на премиерот дадена денес дека ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства, македонската економија ќе биде прва на удар.

24 вести »+2 теми »сумирано »прашања »

На Македонија ѝ требаат 52 години да го достигне европскиот стандард, ако продолжи сегашното темпо

Проверено - пред: 6 часа

Македонија достигнува 64 отсто од просечното ниво на благосостојба во Европската Унија, а доколку продолжи досегашното темпо на приближување, ќе бидат потребни уште 52 години за да го достигне европскиот просек.

4 вести »+2 теми »прашања »