Нова рунда мировни преговори меѓу Русија и Украина, со посредство на САД, ќе започне утре во Абу Даби. Разговорите ќе траат два дена, на 10 и 11 ноември, а ќе се фокусираат на безбедносните гаранции и опциите за завршување на војната.
18 вести »+27 теми »сумирано »прашања »Правосудниот систем мора да биде по принципот на франка лингва, а тоа е македонскиот јазик, и тоа е поврзано со владеењето на правото, а не со други права или политиканства – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Охрид.
25 вести »+5 теми »сумирано » ●прашања »Судот во Кочани го одби барањето таа да учествува преку видеоврска од Бугарија, со образложение дека Законот за кривична постапка ја предвидува оваа можност за сослушување сведоци и вештаци, но не и за обвинети лица.
41 вести »+4 теми »сумирано »прашања »На социјалните мрежи е објавено видео за кое се тврди дека прикажува настаните од пред Градското собрание на Белград за време на изборната ноќ на 25 октомври. Видеото прикажува голем број полицајци во полна опрема за разбивање на протести како се движат во формација.
2 вести »+1 тема »прашања »Аркин Јахији и официјално ја презеде функцијата градоначалник на Општина Брвеница, откако денеска претседателката на Општинската изборна комисија, Недиме Салаи, му го врачи решението за избор. Јахији победи на вториот круг од предвремените локални избори, одржан на 1 ноември, ...
7 вести »+1 тема »прашања »Во Охрид почна изградбата на нов производствен капацитет на компанијата „АСП-ПАК“, инвестиција вредна над 10 милиони евра, кој ќе располага со целосно роботизирана производствена линија и апликации на вештачка интелигенција.
23 вести »+3 теми »сумирано »прашања »Најмалку 39 лица загинаа откако брод со мигранти потона кај брегот на Сенегал, кои најверојатно се упатиле кон шпанските Канарски Острови, каде што во последните недели повторно се зголемува мигрантскиот прилив.
11 вести »+7 теми »прашања »Индексот на трошоците на животот во октомври 2026 година, во однос на октомври 2025 година, бележи зголемување од 3.3 отсто, додека индексот на цените на мало бележи зголемување од 3.2 отсто, соопшти државниот завод за статистика.
26 вести »+4 теми »сумирано »прашања »Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за поевтинување на нафтените деривати во просек за 7,51 проценти во однос на цените утврдени на 2 ноември. Бензините Еуросупер БС-95 и БС-98 поевтинуваат за седум денари по литар, па новата цена на 95-ката изнесува 86 денари, а ...
54 вести »+3 теми »сумирано »прашања »Француската влада денеска објави дека минималната плата во Франција ќе се зголеми за 1,6 отсто почнувајќи од 1 декември, со што излегува во пресрет на барањата на демонстрантите кои изминативе недели протестираа ширум земјата барајќи зголемување на куповна моќ и повисоки плати.
8 вести »+7 теми »сумирано »прашања »ОВР Дебар поднесе кривична пријава против 22-годишник од дебарско село поради сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 13 август годинава пријавениот остварил вонбрачна заедница со малолетничка од ...
9 вести »+2 теми »прашања »Осум возачи биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие на различни локации во државата поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик.
19 вести »+13 теми »сумирано »прашања »65-годишна скопјанка била лишена од слобода откако при преглед на пакет што го донела за својот син, кој издржува затворска казна во КПУ „Идризово“, била пронајдена марихуана. Како што информира МВР, случајот бил откриен на 8 ноември, околу 10 часот, при контрола на пакетот што ...
18 вести »+4 теми »сумирано »прашања »Речиси две третини од општините во земјата немаат сопствен локален медиум, а пет општини немаат никаква покриеност од традиционалните локални и регионални медиуми. Ова го покажува анализата на „Наратив АИ“, според која од вкупно 80 општини, 49 немаат локален медиум.
7 вести »+2 теми »прашања »Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за емисијата „60 минути“ на Си-Би-Ес оцен дека пристапот на неговата Администрација кон миграцијата „можеби бил премногу строг“, но сепак не го отфрла целосно.
18 вести »+25 теми »сумирано »прашања »Над 200.000 граѓани досега ги користеле бесплатните безжични интернет-конекции воспоставени во рамките на проектот WiFi4WB, кој опфатил 64 општини во земјата. Завршниот настан на иницијативата, поддржана од Европската Унија и Германија, ќе се одржи утре во Јуроп хаус во Скопје.
2 вести »прашања »ДУИ обвини дека во Институтот за јавно здравје се ограничува употребата на албанскиот јазик во службената комуникација и побара Инспекторатот за употреба на јазиците веднаш да спроведе надзор и да преземе соодветни мерки.
19 вести »+2 теми »сумирано »прашања »Повеќе од 1.000 грла крупен добиток неконтролирано се движат низ Крива Паланка, уништуваат земјоделски насади и приватен имот и ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот. Градоначалникот Сашко Митовски побара Владата итно да прогласи 30-дневна кризна состојба и да обезбеди ...
30 вести »сумирано »прашања »Премиерот Христијан Мицкоски е оптимист дека „Алта банка“ ќе продолжи да функционира и дека нема да се реализира сценариото за нејзино заминување во стечај, кое, според него, го посакувала опозицијата. Тој истовремено се согласи Обвинителството да отвори случај и да спроведе ...
45 вести »+12 теми »сумирано »прашања »Американската аеронаутучка и вселенска агенција (НАСА) бара нови астронаути, кои би сакале да летаат до Месечината и да помогнете во изградбата на постојана месечева база. „Тие можат да ја обликуваат иднината на човештвото во Вселената“, псочува НАСА во најавата на новиот круг ...
4 вести »+4 теми »сумирано »прашања »