TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Обновено во01:17
Проверено

Филков: ЕК го потврди сработеното – за две години ги поставивме темелите за реформа на правосудството

Проверено - 08.11.2026

Поранешниот министер за правда, Игор Филков, истакна дека Извештајот на Европската комисија за 2026 година претставува јасна потврда дека политиките и реформите што ЗНАМ ги спроведувал во Министерството за правда во изминатите две години биле исправни и донеле видливи резултати.

18 вести »+2 теми »сумирано »прашања »

Димовска: Застарувањето на предметите не смее да биде резултат на институционална пасивност

Проверено - 08.11.2026

Претседателката на Основниот кривичен суд Скопје, Даниела Димовска во интервју за Курир порачува дека нема да толерира неоправдано одолговлекување на судските постапки. Таа нагласува дека застарувањето на предметите не смее да биде последица на институционална пасивност и дека ...

5 вести »сумирано »прашања »

Во ЕУ нема да помине обид за блокада на Македонија преку вториот Протокол, тврди австрискиот амбасадор Памер

Проверено - 08.11.2026

Никој освен Бугарија нема тврдено дека вториот Протокол е дел од преговарачката рамка на Македонија со ЕУ , ако официјална Софија се обиде да го користи документот за да врши притисок во преговорите, земјите членки на ЕУ ќе реагираат и ќе ја информираат Бугарија дека Протоколот ...

7 вести »+4 теми »прашања »

Од Билјана до Росица: Колку жртви се потребни за институциите да реагираат?

Проверено - 08.11.2026

Во Скопје се одржа протест со барања за поголема институционална заштита на жртвите од семејно и родово базирано насилство, а истовремено полицискиот билтен е преполн со случаи на семејно насилство. Регистрирани се и два случаи во кои децата се одземени од страна на мајките.

49 вести »+14 теми »сумирано »прашања »

Почина торакалниот хирург Зоран Спировски

Проверено - 08.11.2026

Почина доктор Зоран Спировски, истакнат торакален хирург и поранешен директор на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија. Веста на Фејсбук ја сподели министерот за здравство Сашо Клековски кој изрази сочувство до семејството.

25 вести »+2 теми »сумирано »прашања »

Михаилова во поткаст обвини за ширење омраза против Бугарите и за поткуп во обвинителството

Проверено - 08.11.2026

Ива Михаилова која избега во Бугарија, а против која во земјава се води судски процес за сообраќајна несреќа со смртни последици, се појави на поткаст во Бугарија каде изнесе низа обвинувања за македонските власти и за судството во Македонија.

41 вести »+4 теми »сумирано »прашања »

Во пештера во Шпанија пронајдена човечка ДНК стара 22.000 години

Проверено - 08.11.2026

Научниците успеаја да извлечат приближно 22.000 години стара човечка ДНК од мало количество на почва пронајдено во пештерата Ел Мирон во Шпанија, иако во тој слој не беа откриени остатоци од луѓе. Примерокот од седиментот тежел колку „неколку зрна ориз“, па истражувачите морале ...

+1 тема »прашања »

(ВИДЕО) Наскоро ќе биде пуштен мостот кој ги поврзува Аеродром и Гази Баба

Проверено - 08.11.2026

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски најавува дека наскоро ќе биде пуштен во функција мостот „Генерал Михајло Апостолски“ којшто го поврзува булеварот „АСНОМ“ во општина Аеродром со населбата Ќерамидница и општина Гази Баба.

14 вести »прашања »

Два случаи на семејно насилство во кои децата биле одземени од мајките

Проверено - 08.11.2026

Полицијата регистрира два случаи на семејно насилство во кои децата биле одземени од мајките. Во едниот случај таткото го однел детето во Швајцарија без знаење на мајката. Полицијата информира дека 22-годишниот С.А.

5 вести »+5 теми »сумирано »прашања »

Израел Кац: Израелската мисија во Иран не е завршена, подготвени сме за сите сценарија

Проверено - 08.11.2026

Мисијата на Израел во Иран „не е завршена“, изјави денеска израелскиот министер за одбрана Израел Кац, повторувајќи ги своите претходни обвинувања дека Техеран се стреми кон призводство нуклеарно оружје. „Мисијата со Иран сè уште не е завршена.

6 вести »+4 теми »сумирано »прашања »

Три месеци демнел жена и се заканувал дека ќе објави видеа кои ги снимал тајно

Проверено - 08.11.2026

Дваесет и шестгодишен жител на Кочани демнел 33-годишна жена три месеци заканувајќи и се дека ако не бидат во љубовна врска ќе објаи експлицитни фотографии и видеа кои тајно ги снимал. Министерството за внатрешни работи во денешниот билтен информира дека кривичната пријава за ...

13 вести »+4 теми »прашања »

Kонститутивната седница на новиот српски Парламент закажана за 17 ноември

Проверено - 08.11.2026

Претседателката на српското Народно собрание и в.д. претседателка на Србија, Ана Брнабиќ, денеска ја закажа конститутивната седница на новиот Парламент за 17 ноември, што е прв чекор кон воспоставувањето на новите органи на власта по поразот на владејачката Српска напредна ...

23 вести »+7 теми »сумирано »прашања »

Даниловски: Петте случаи на морбили кажуваат нешто што одамна требаше сериозно да не загрижи

Проверено - 08.11.2026

Пет случаи на морбили се регистрирани во Македонија, но иако бројката е мала, сепак загрижува фактот што намален е опфатот на вакцинација која е најефикасната превентивна мерка во случајот со овој вирус. Познатиот епидемиолог и универзитетски професор Драган Даниловски во ...

15 вести »+6 теми »сумирано »прашања »

Секој нов случај на фемицид не смее да заврши само со ветувања, туку со конкретни мерки, порачаа од протестот во Скопје

Проверено - 08.11.2026

По трагедијата во Богданци во која 17-годишната Билјана Кириќ го загуби животот откако пријавувала насилство од нејзиниот партнер, денес протест во Скопје против фемицидот со барање за одговорност и санкции за оние кои направиле институционален пропуст во случајот.

49 вести »+14 теми »сумирано »прашања »

Нападот во Краков се третира како „тероризам“. Што знаеме за напаѓачот: 24-годишник со дозвола за оружје и „ултранационалистички идеи“

Проверено - 08.11.2026

Полското Јавно обвинителство претпладнево соопшти дека отворило истрага за кривично дело „од терористички карактер“ за вчерашниот напад во центарот на градот Краков, кога вооружен напаѓач пукајќи од возило во движење уби шест лица, а рани 15 други.

105 вести »+14 теми »сумирано »прашања »

Чамец со околу 30 мигранти откриен кај брегот на Белгија, луѓето не сакаат да го напуштат пловилото

Проверено - 08.11.2026

Чамец со околу 30 мигранти, сите мажи, е забележан во близина на брегот на белгискиот град Њупорт, соопшти Агенцијата за поморски услуги на Белгија, посочувајќи дека лицата одбиваат да го напуштат пловилото. Според Агенцијата, утрово во 5:30 часот некои од мажите на чамецот се ...

2 вести »+2 теми »прашања »

Американските сили гаѓаа товарен брод во Оманскиот Залив што се обидел да ја заобиколи поморската блокада

Проверено - 08.11.2026

Командата на силите на САД на Блискиот Исток соопшти дека отворила оган врз товарен брод во Оманскиот Залив, затоа што неговиот екипаж се обидувал да ја заобиколи американската поморска блокада. Бродот доаѓал од иранско пристаниште и, според американската армија, ги игнорирал ...

12 вести »+15 теми »сумирано »прашања »

Најмалку 33 загинати при саудиските воздушни напади врз Сана

Проверено - 08.11.2026

Најмалку 33 лица загинаа, а околу 40 се повредени при саудиски воздушни напади во регионот на јеменскиот главен град Сана, кој е под контрола на проиранските шиитски бунтовници Хути. Според извештаи на медиумски блиски до бунтовниците, нападите на „саудискиот непријател“ се ...

5 вести »+6 теми »сумирано »прашања »

Зајкова и ЛДП со петиција за електронски нараквици за сторителите на насилство

Проверено - 08.11.2026

Покрената е петиција со која се бара воведување електронски нараквици за следење на сторителите на насилство. Претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, ги повика граѓаните да ја поддржат иницијативата, наведувајќи дека таа е подготвена по нивно барање.

24 вести »+3 теми »сумирано »прашања »

Двајца загинати и 33 повредени при несреќа на српски автобус во Хрватска

Проверено - 08.11.2026

Во несреќата на автобусот со српски регистарки таблички на Посавскиот автопат А3, кај клучката за Иваниќград, загинаа две лица, а 33 други се повредени, соопшти хрватската министерка за здравство Ирена Хрстиќ. Според Христиќ, шест лица се потешко повредени, а за останатите 27 ...

44 вести »+12 теми »сумирано »прашања »