TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Обновено во02:24
Прва Скопска

Млад делчевец пронашол 114.000 денари и 2.000 евра, па ги предал во полиција

Прва Скопска - пред: 15 часа

Осумнаесетгодишен жител на Делчево покажа исклучителна чесност откако на булеварот „Македонија“ пронашол лични документи и поголема сума пари, но наместо да ги задржи, веднаш ги пријавил и ги предал во полиција.

35 вести »+1 тема »прашања »

Водата во Скопје е исправна и безбедна за пиење

Прва Скопска - пред: 15 часа

Водата за пиење во Скопје е безбедна и ги исполнува пропишаните стандарди, покажуваат најновите лабораториски анализи на ЈП Водовод и канализација – Скопје од 44 мерни места. Во периодот од 19 до 22 октомври 2026 година, Секторот за санитарна контрола земал вкупно159 примероци ...

9 вести »+1 тема »прашања »

Финансиската помош за пензионерите во Центар зголемена од 2.500 на 5.000 денари

Прва Скопска - пред: 15 часа

Општина Центар објави јавен повик за еднократна финансиска помош за пензионерите во социјален ризик. Годинава помошта е удвоена, од досегашните 2.500 на 5.000 денари. Право на финансиска поддршка од 5.000 денари имаат примателите на старосна, семејна или инвалидска пензија, како ...

18 вести »прашања »

Сиљановска-Давкова ѝ честиташе на Србија: Граѓаните покажаа демократска зрелост

Прва Скопска - пред: 15 часа

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, упати честитка по изборниот исход во Србија, оценувајќи дека граѓаните покажале демократска зрелост и дека промената на политичката власт може да се случи на мирен начин.

60 вести »+54 теми »сумирано »прашања »

Приведен скопјанец кој ги нападнал родителите и сестра си во семејниот дом

Прва Скопска - пред: 16 часа

Дваесет и седумгодишен маж од скопско бил лишен од слобода откако бил пријавен дека физички ги нападнал своите родители и сестра си во семејниот дом. Според информациите од полицијата, инцидентот се случил на 24 октомври околу 23 часот, по кратка расправија меѓу членовите на ...

27 вести »+12 теми »сумирано »прашања »

ВМРО-ДПМНЕ го повика Филипче да објасни за пријавените возила и нивната вредност

Прва Скопска - пред: 16 часа

ВМРО-ДПМНЕ повторно упати критики до претседателот на СДСМ, Венко Филипче, овојпат поврзани со неговите јавни изјави за личниот имот и пријавените возила. Од владејачката партија прашуваат зошто Филипче во јавност зборувал за автомобил вреден 6.000 евра, кога, според нивните ...

18 вести »+3 теми »прашања »

Филипче им честиташе на граѓаните на Србија: Падна Вучиќ, сите знаеме кој е следен

Прва Скопска - пред: 17 часа

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати честитки до граѓаните на Србија по изборната победа на студентската листа на предвремените парламентарни избори, оценувајќи дека станува збор за голема и историска промена.

21 вести »+28 теми »сумирано »прашања »

Денес променливо облачно со дожд и засилен северен ветер

Прва Скопска - пред: 18 часа

По свежото утро со можност за магла во дел од котлините, Македонија денеска ќе има променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува и на одделни места ќе достигнува брзина ...

60 вести »+3 теми »сумирано »прашања »

Студентската листа убедливо победи: Завршува 14-годишното владеење на СНС, Србија добива ново парламентарно мнозинство

Прва Скопска - пред: 18 часа

Студентската изборна листа „Студентите победуваат“ освои убедлива победа на предвремените парламентарни избори во Србија и, според конечните проекции на Центарот за слободни избори и демократија (ЦеСИД) и агенцијата Ипсос, ќе формира стабилно парламентарно мнозинство, ставајќи ...

84 вести »+158 теми »сумирано »прашања »

Лула испиша историја: Освои четврти претседателски мандат во Бразил

Прва Скопска - пред: 18 часа

Бразил повторно ќе биде предводен од Луис Инасио Лула да Силва, кој обезбеди историски четврти претседателски мандат, откако победи во вториот круг од претседателските избори, покажуваат официјалните резултати на бразилскиот изборен суд.

44 вести »+6 теми »сумирано »прашања »

Собранието денеска расправа за интерпелацијата на министерката Сања Божиновска

Прва Скопска - пред: 18 часа

Работата на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска ќе биде во фокусот на собраниската расправа, откако пратениците ќе ја разгледуваат интерпелацијата поднесена од опозициската партија Левица.

61 вести »+5 теми »сумирано »прашања »

РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

Прва Скопска - пред: 19 часа

Денеска ќе биде познато дали возачите од утре ќе плаќаат повисоки цени за горивата. Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) во текот на денот ќе ја донесе новата одлука за малопродажните цени на нафтените деривати, која ќе важи во наредните седум дена.

65 вести »+3 теми »сумирано »прашања »

Ова е победа на нашите деца: Емотивна реакција на мајката на загинатиот Стефан Хрка

Прва Скопска - 26.10.2026

Со солзи и силни емоции, Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка кој загина во трагедијата со уривањето на натстрешницата на железничката станица во Нови Сад, ги дочека изборните резултати во Србија, порачувајќи дека нејзината борба за правда продолжува.

9 вести »+2 теми »прашања »

(Видео) Мбапе го покори „Камп Ноу“: Реал Мадрид славеше во големото Ел Класико

Прва Скопска - 26.10.2026

Килијан Мбапе блесна на најголемата сцена и беше главниот херој на Реал Мадрид во големото „Ел Класико“ на „Камп Ноу“. Францускиот напаѓач постигна два гола и го предводеше „кралскиот клуб“ до победа од 1:2 против Барселона во еден од најочекуваните натпревари сезонава.

48 вести »+32 теми »сумирано »прашања »

Нема да се делиме на победници и поразени, порачаа со песна и солзи радосници студентите

Прва Скопска - 25.10.2026

Студентската изборна листа „Студентите победуваат“ вечерва прогласи победа на предвремените парламентарни избори во Србија, откако првичните процени на ЦеСИД и Ипсос покажаа дека движењето освои околу 52 проценти од гласовите и може да обезбеди самостојно мнозинство во Народното ...

137 вести »+190 теми »сумирано »прашања »

Вучиќ призна пораз: Студентската листа освои мнозинство во Србија

Прва Скопска - 25.10.2026

Александар Вучиќ вечерва призна дека неговата изборна листа загубила на предвремените парламентарни избори во Србија, откако соопшти дека студентското движење освоило мнозинство во новиот состав на Народното собрание. „Победи студентската листа.

137 вести »+190 теми »сумирано »прашања »

Србија во исчекување на изборниот исход, Белград под засилено полициско обезбедување

Прва Скопска - 25.10.2026

Со затворањето на избирачките места во 20 часот заврши гласањето на предвремените парламентарни избори во Србија, кои минаа во атмосфера на високи политички тензии, засилени безбедносни мерки и голема излезност.

61 вести »+173 теми »сумирано »прашања »

(Видео) Тензии во Белград: Групи лица со качулки се собираат во Пионирскиот парк

Прва Скопска - 25.10.2026

Засилено полициско обезбедување вечерва е распоредено во центарот на Белград, додека по затворањето на гласачките места расте неизвесноста околу изборниот исход. Српските медиуми јавуваат дека во Пионирскиот парк се собираат групи лица облечени во црно, а во оградениот простор ...

49 вести »+95 теми »сумирано »прашања »

15-годишник застрелан во стомак во Боговиње, малолетник случајно испукал куршум од пиштол

Прва Скопска - 25.10.2026

Петнаесетгодишно момче од тетовското село Боговиње е тешко повредено откако било погодено со куршум во пределот на стомакот. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил вчера попладне, а повредениот бил пренесен во Клиничкиот центар во Тетово.

22 вести »+4 теми »прашања »

Гореа импровизиран објект и контролна табла за кран во Скопје

Прва Скопска - 25.10.2026

Пожар избувнал попладнето на 24 октомври на улицата „Ацо Шопов“ во Скопје, при што биле зафатени импровизиран објект и контролна табла од која се управувало со градежен кран. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен во 16:35 часот во СВР ...

4 вести »прашања »