TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Обновено во20:59
Рацин

Израелската војска исели околу 1.200 Палестинци од домовите во Хеброн

Рацин - пред: 26 мин

Израелската армија принуди околу 1.200 Палестинци да ги напуштат своите домови во Хеброн на окупираниот Западен Брег, изјави денес палестински функционер, еден ден откако во палестински напад беа убиени двајца израелски војници.

28 вести »+5 теми »сумирано »прашања »

Мозокот на бабите се менува кога имаат внуци, ги подмладува!

Рацин - пред: 38 мин

Фотографиите или присуството од сопствените внуци предизвикале поголема активност во мозочни региони поврзани со емоционалната емпатија и лачење на хормони кои се поврзуваат со побрзо заздравување и одржување на биоритамот кај бабите вклучени во истражување на Универзитетот ...

5 вести »+1 тема »прашања »

Ноќеска го враќаме часовникот, како да го подготвиме организмот

Рацин - пред: 46 мин

Еден час повеќе под јорганот звучи како добар подарок за неделното утро. Ноќеска, меѓу 24 и 25 октомври, во 03:00 часот стрелките се враќаат на 02:00 и започнува зимското сметање на времето. За часовникот промената е едноставна.

9 вести »+26 теми »сумирано »прашања »

Припадници на МВР учествуваа на меѓународен семинар на ROADPOL во Шпанија за примена на современи технологии во сообраќајната контрола

Рацин - пред: 58 мин

Во периодот од 19 до 23 октомври 2026 година, припадници на Одделението за претходница и сообраќајно-ескортно обезбедување учествуваа на меѓународниот семинар „Technology for Road Policing“, организиран во рамки на Европската мрежа на сообраќајни полиции – ROADPOL, во соработка ...

прашања »

Полицијата употреби солзавец на протестот во Марсеј

Рацин - пред: 1 час

Кога неколку илјади демонстранти пристигнаа на централниот плоштад, крајната точка на протестниот марш во Марсеј, избувнаа судири меѓу неколку десетици луѓе и полицијата за да ги растури демонстрациите, кои употребија солзавец, објави парискиот весник „Ле Монд“.

2 вести »+7 теми »прашања »

Фирмите би плаќале адвокат и по добиена жалба за тендер

Рацин - пред: 2 часа

Владата предлага повисоки прагови за јавни набавки без формална тендерска постапка, поголема употреба на електронскиот пазар и промени во начинот на кој фирмите ги оспоруваат тендерските одлуки. Пакетот измени на Законот за јавните набавки е во собраниска процедура, а за него е ...

3 вести »прашања »

По години запуштеност, повторно проработи фонтаната на шесте републики во Прилеп

Рацин - пред: 2 часа

Фонтаната пред салата „Македонија“ во Прилеп, која ги симболизира шесте републики на поранешна СФР Југославија, повторно е пуштена во функција. Нејзиното уредување беше дел од активностите по повод Денот на македонската револуционерна борба, објави „Маркукуле“.

2 вести »прашања »

Кичево–Охрид речиси двојно поскап, колку нè чини доцнењето?

Рацин - пред: 2 часа

Автопатот Кичево–Охрид, првично проценет на 411 милиони евра, со последните објавени финансиски пресметки достигна околу 803 милиони евра. Но поскапувањето на изградбата е само дел од сметката. Долгогодишното доцнење значи и продолжена изложеност на сообраќајни ризици, изгубено ...

прашања »

Бугарија бира претседател, што да очекува Македонија

Рацин - пред: 2 часа

Утее Бугарија бира нов претедател или претседателка. Главната трка е меѓу актуелната претседателка Илијана Јотова и поранешниот технички премиер Андреј Ѓуров. За Македонија, нивните досегашни позиции упатуваат на продолжување на условувањето на европскиот процес, со можни ...

2 вести »+4 теми »прашања »

Половина Македонија е медиумска пустина

Рацин - пред: 3 часа

Повеќе од половина од општините во земјава немаат сопствен локален медиум. Според податоците во анализата, пет од нив не се опфатени ниту со регионални традиционални медиуми На две кривини пред Крива Паланка, радиото во автомобилот го изгуби сигналот.

прашања »

Рама порача дека Владата не се соборува со насилство

Рацин - пред: 4 часа

Албанскиот премиер Еди Рама порача дека Владата не може да се собори со насилство и најави казни за учесниците во насилните инциденти. На денешната прес-конференција тој повика на дијалог и најави мерки за ублажување на растечките трошоци за живот.

68 вести »+53 теми »сумирано »прашања »

Македонците во Австралија бараат музеј за својата историја

Рацин - пред: 4 часа

Непрофитната организација „Our Macedonia Inc.“ покрена петиција за основање македонски музеј во Австралија, кој би ја документирал иселеничката историја и би го зачувувал културното наследство на заедницата. Од австралиските локални власти и културни институции се бара поддршка ...

прашања »

25.000 демонстранти маршираа низ Мадрид: „Пензиите мора да бидат недопирливи“

Рацин - пред: 4 часа

Демонстрантите маршираа низ центарот на Мадрид денес напладне, барајќи безбедност на јавните пензии, еден месец пред парламентарните избори, додека левицата ја обвинува десницата дека сака да го отвори патот за делумна приватизација на системот.

15 вести »+3 теми »сумирано »прашања »

Младите го наполнија Градски парк за „Скопје ер фер“

Рацин - пред: 4 часа

Голем број млади денеска го посетија шестото издание на воздухопловно-едукативниот саем „Скопје ер фер 2026“ во Градскиот парк во Скопје. Најголемо внимание привлече хеликоптерот на МВР, а учениците и студентите имаа можност директно да разговараат со претставници на ...

9 вести »+1 тема »сумирано »прашања »

Уапсен возач од Србија, возел 166 каде што било дозволено 80 км/ч

Рацин - пред: 5 часа

МВР информира дека вчера, на 23.10.2026 во 16:00 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода М.П.(39) од Србија. При проверка на патничко возило „баик“ со српски национални ознаки, кое го управувал, било констатирано дека ...

23 вести »+7 теми »сумирано »прашања »

Тирана гори, попладнево голема ескалација на протестите

Рацин - пред: 5 часа

Дел од демонстрантите во Тирана денеска фрлаа камења и молотови коктели кон полицијата, која интервенираше со водени топови и солзавец. Новите судири се случија во центарот на албанската престолнина, за време на протестите на кои се бара оставка од премиерот Еди Рама.

68 вести »+53 теми »сумирано »прашања »

Андерфест се враќа во МКЦ со осум изведувачи

Рацин - пред: 5 часа

Осмото издание на фестивалот Андерфест ќе се одржи на 6 ноември во Младинскиот културен центар во Скопје, со настапи на Фанк Шуи, Мамут, Корка, Eurokrem, Replays, Princess Donatsu, Крул и Гној. Фестивалот повторно ќе ги обедини различните правци на домашната алтернативна музичка ...

5 вести »прашања »

Над 20.000 монети на Плаошник, се истражува дали Охрид имал средновековна ковница

Рацин - пред: 5 часа

Повеќе од 20.000 монети од различни историски периоди се откриени на археолошкиот локалитет Плаошник во Охрид, а најновите истражувања отвораат можност таму да постоела средновековна ковница за пари. Посебно внимание привлекува откритието на бронзени монети од XIII век и печка ...

3 вести »прашања »

Астон Вила го урна непобедливиот Манчестер Сити!

Рацин - пред: 5 часа

Манчестер Сити го претрпе првиот пораз сезонава во англиската Премиер лига, откако Астон Вила на домашен терен го совлада со 2:1 и ја прекина совршената серија од седум победи во седум натпревари. Херој на домаќините беше Николас Џексон, кој постигна два гола, во 6. и 60. минута.

12 вести »+7 теми »сумирано »прашања »

Изгоре „масата за дијалог“ на Еди Рама

Рацин - пред: 6 часа

Дел од учесниците на денешниот опозициски протест во Тирана ги запалија перничињата околу масата што албанскиот премиер Еди Рама ја постави пред својот кабинет како повик за дијалог со студентите. Албанските медиуми известија дека станува збор за поддржувачи на Демократската ...

68 вести »+53 теми »сумирано »прашања »