TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Обновено во20:57
Рацин

Иран: Ако Америка повторно нападне, ќе ги таргетираме базите во Европа

Рацин - 12.11.2026

Шефот за безбедност на Иран, Мохсен Резаи, синоќа се закани дека Техеран ќе ги нападне американските воени бази надвор од Блискиот Исток, вклучително и оние во Европа, доколку бидат искористени за бомбардирање на Исламската Република, пренесува АФП.

7 вести »+13 теми »прашања »

Претставници на Нвидиа, Леново, како и експерт од екосистемот на ОпенАИ, доаѓаат на конференција на МАСИТ во Скопје

Рацин - 12.11.2026

Претставници на светските технолошки компании Нвидиа и Леново, како и експерт од екосистемот на ОпенАИ, ќе учествуваат на годишната конференција на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, која ќе се одржи на 18 ноември во Скопје.

прашања »

Хрватска ќе ја модернизира својата армија до 2030 година, без оглед на реториката на Србија

Рацин - 12.11.2026

Хрватска ќе продолжи да ги модернизира и зајакнува своите вооружени сили, без оглед на вооружувањето на Србија и политичката реторика од Белград. Ова го изјави вицепремиерот и министер за одбрана Иван Анушиќ за време на „Актуелни настани“ во хрватскиот парламент, објави ...

+1 тема »прашања »

Од Константинопол до Истанбул: еден град, две империи

Рацин - 12.11.2026

Музејот „Викторија и Алберт“ во Лондон ја отвори изложбата „Од Константинопол до Истанбул: еден град, две империи“, која ја следи историјата на градот од неговото основање во 330 година од нашата ера, па сè до крајот на Отоманската империја во 1922 година, извести грчки ...

прашања »

„Госпоѓица Јулија“ од Битола во режија на Иван јерчиќ гостува во Скопје

Рацин - 12.11.2026

Независната продукција на „Госпоѓица Јулија“, по текст на Аугуст Стриндберг, а во режија на Иван Јерчиќ, ќе биде изведена во културниот и едукативен центар Лабораториум во петок, 13 ноември, во 20 часот. Претставата првично е поставена и редовно се игра во КИЦ Офицерски Дом во ...

10 вести »прашања »

До 1981 година жените во Шпанија не можеле да се разведат, денес државата вложува 1,5 милијарди евра за нивна заштита

Рацин - 12.11.2026

Пред само 45 години, жените во Шпанија живееле во држава во која не можеле да побараат развод. Не можеле законски да го прекинат бракот, дури и кога сакале да заминат од несреќна или насилна брачна заедница. Само шест години претходно, мажените жени морале да бараат дозвола од ...

прашања »

Вашингтон ја менува стратегијата за Украина: Европа мора на преговарачката маса, мирот е далеку

Рацин - 12.11.2026

Американската администрација сака следната рунда преговори за завршување на војната во Украина да се одржи со директно учество на Европа. Промената доаѓа во момент кога Вашингтон се обидува да го забрза дипломатскиот процес, но истовремено отвора прашања за иднината на НАТО, ...

95 вести »+62 теми »сумирано »прашања »

Ветер над 80 км/ч, пролетни температури и сахарска прашина во Македонија

Рацин - 12.11.2026

Моќен циклон од Атлантикот ќе донесе силен јужен и југозападен ветер во четврток и петок, 12 и 13 ноември. Во Македонија се прогнозираат температури до 24 степени, локален дожд и прашина од Сахара, додека делови од Балканот се соочуваат со ризик од обилни врнежи и нагло ...

69 вести »+12 теми »прашања »

СДСМ: Со кривични пријави Мицкоски панично ја штити Алта – банката на Вучиќ

Рацин - 12.11.2026

СДСМ обвини дека кривичните пријави против претседателот на партијата Венко Филипче и уште тројца нејзини функционери се обид за притисок врз опозицијата поради критиките за работењето на Алта банка. Во соопштението, опозициската партија наведува дека пријавите се однесуваат на ...

81 вести »+27 теми »сумирано »прашања »

За прослава 5,5 милиони евра, електронските алки прескапи за Владата

Рацин - 12.11.2026

За прославата на независноста Македонија обезбеди 5,5 милиони евра. За електронските алки што би можеле да ги заштитат жените од насилство, Владата вели дека се „исклучително скапи“, но никаде не наведува колку би чинеле.

2 вести »+3 теми »прашања »

Анализиравме до збор: кој ги извртува фактите за да се замаглат трагите за ситуацијата со Алта банка

Рацин - 12.11.2026

Првиот ден од надзорната расправа за Алта банка во Собранието заврши, но надзорот врз одговорноста не смее да заврши со неа. После серија собраниски надмудрувања, на крај сепак не се утврди кој ја проверил подобноста на купувачот и кој ќе ја преземе одговорноста за Алта банка? ...

7 вести »+24 теми »сумирано »прашања »

Бројот на жртвите од трагичната трагедија на автопатот во Бугарија достигнаа 12

Рацин - 12.11.2026

Пациентот кој беше примен во најтешка состојба во болницата „Д-р Иван Селимински“ во Сливен по големата верижна несреќа на Тракискиот автопат почина. Веста ја објави утрово директорот на медицинската установа, д-р Васислав Петров.

13 вести »+36 теми »сумирано »прашања »

Ја губи ли Нетанјаху власта во Израел?

Рацин - 12.11.2026

Бенјамин Нетанјаху го загуби парламентарното мнозинство на изборите на 27 октомври, а на 11 ноември неговиот блок го загуби и првото гласање во новиот Кнесет. Опозицијата и арапските партии со 63 гласа „за“ и 50 „против“ го изгласаа составот на комисијата што ја организира ...

3 вести »+7 теми »прашања »

Русија и Украина договорија размена на заробеници во Абу Даби, територијата останува спорна

Рацин - 12.11.2026

Русија и Украина начелно се договорија за размена на заробеници по два дена разговори со американско посредство во Абу Даби. Тоа е конкретниот хуманитарен исход од средбата што заврши на 11 ноември. Борбите продолжуваат, а Москва и Киев остануваат далеку од согласност за ...

95 вести »+62 теми »сумирано »прашања »

Албанија вложува 60 милиони евра во Коридор 8 за забрзување на врската на Јадранското со Црно Море

Рацин - 12.11.2026

Албанија ги зголемува инвестициите во еден од своите стратешки транспортни проекти. Нацрт-буџетот на земјата за 2027 година предвидува 60 милиони евра за изградба на Коридорот 8, кој треба да ја подобри транспортната поврзаност на земјата и да ја претвори во важна врска помеѓу ...

+1 тема »прашања »

Зошто Вучиќ сака да ги избегне претседателските избори во Србија?

Рацин - 12.11.2026

Александар Вучиќ би сакал Српската напредна странка (СНС) да ја прескокне претседателската трка во Србија. Поранешниот претседател го кажа тоа на 11 ноември во Белград, кога го прашаа дали партијата ќе предложи кандидат по поразот на парламентарните избори.

3 вести »+3 теми »прашања »

За сиромаштијата државата нема системско решение: Власта ја префрла одговорноста, граѓаните ја плаќаат цената

Рацин - 12.11.2026

Без посветена стратешка рамка од 2020 година, со слаба координација меѓу институциите и без доволно процени како буџетските одлуки ги погодуваат најсиромашните, борбата против сиромаштијата ризикува да остане сведена на повремени мерки.

прашања »

Мицкоски побара истрага за саботажа, Славески поднесе пријави: Дали кривичните за Алта банка имаат правна основа?

Рацин - 12.11.2026

Народната банка потврди дека поднела кривични пријави против дел од раководството на СДСМ, но не ги открива ниту конкретните наводи ниту правната квалификација. Претходно, премиерот Христијан Мицкоски побара Обвинителството да испита дали опозициските настапи за Алта банка ...

7 вести »+24 теми »сумирано »прашања »

Скопје пред 108 години: Ретки снимки од Првата светска војна, дел од приказната за градот што ја дочека слободата во 1944

Рацин - 12.11.2026

Во пресрет на 13 ноември кога Скопје одбележува 82 години од ослободувањето од фашистичката окупација, ретки архивски снимки од 1918 година нè враќаат во времето кога градот го дочекувал крајот на Првата светска војна.

2 вести »+2 теми »прашања »

Трендафилов: „Газдите и политичарите го јадат месото, а ние ги глодаме коските“

Рацин - 12.11.2026

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов, побара минималната плата веднаш да се зголеми на 600 евра. Во емисијата „ Бизнис класа “ со Мишко Иванов, тој ги обвини Владата и работодавачите дека го игнорираат барањето на ССМ додека, според ...

прашања »