TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Обновено во17:47
Слободен Печат

Постојат ли тензии во француската репрезентација? Мбапе мистериозно отсуствуваше од последниот тренинг

Слободен Печат - пред: 4 часа

Килијан Мбапе не се појавил на денешниот тренинг на француската репрезентација во Клерфонтен, поради што неговиот настап на утрешниот натпревар од Лигата на нациите против Италија е доведен под знак прашалник. Информацијата ја објави францускиот весник „Л’Екип“ , но засега не е ...

5 вести »+12 теми »сумирано »прашања »

Патот на Украина кон ЕУ е поплочен со скапи намери

Слободен Печат - пред: 4 часа

Политичкиот отпор, стравот од евтина украинска конкуренција и неизвесните трошоци од проширувањето ги намалуваат изгледите за брз прием на Киев во Унијата, додека европски дипломати предупредуваат дека членството можеби нема да се оствари ниту во следната деценија.

2 вести »+2 теми »прашања »

ФОТО | Продолжува чистењето на Скопје, денеска се одржа нова екоакција

Слободен Печат - пред: 4 часа

Град Скопје денеска повторно организираше голема екоакција за чистење на главниот град, во која, како што информираше градоначаланикот Орце Ѓорѓиевски, учествувале 30.000 волонтери кои чистеле на повеќе од 50 локации.

18 вести »+3 теми »сумирано »прашања »

Девојка пријавила дека непознат човек ја допирал по телото во автобус во Аеродром

Слободен Печат - пред: 4 часа

20-годишна девојка пријавила во полиција дека непознато лице ја допирало по телото додека се возела во автобус на територијата на скопската општина Аеродром, соопшти Министерството за внатрешни работи. „На 10 ноември 2026 година во 17:05 во СВР Скопје 20-годишна девојка ...

4 вести »+3 теми »прашања »

Војната со Иран станува прескапа за Трамп

Слободен Печат - пред: 4 часа

Внатрешнополитичките притисоци внесуваат нова динамика во дипломатските преговори меѓу Вашингтон и Техеран, кои беа во застој, но аналитичарите предупредуваат дека мирот сè уште виси на конец. Дипломатските напори за завршување на американско-израелската војна против Иран ...

4 вести »+23 теми »сумирано »прашања »

ВИДЕО | Закани за бомби евакуираа најмалку 300 училишта во Италија

Слободен Печат - пред: 4 часа

Заканувачкиот мејл бил потпишан со името „Михаил Андропов“, а истиот потписник претходно презел одговорност и за заканите со бомби што биле испратени во Бугарија. Најмалку 300 училишта во Италија денеска беа евакуирани откако преку електронска пошта добиле закани дека во нив се ...

25 вести »+3 теми »сумирано »прашања »

73-годишна жена била пронајдена почината во нејзиниот дом во скопско Кучевиште

Слободен Печат - пред: 4 часа

73-годишна жена вчера била пронајдена почината во нејзиниот дом во скопското село Кучевиште, соопшти Министерството за внатрешни работи. „На 10 ноември, во 16:55 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во домот во с.Кучевиште, скопско, била пронајдена почината С.С.(73).

7 вести »прашања »

Египетската листа не е доказ за тероризам во Македонија: што се знае за скопското здружение и што е „Муслиманското братство“?

Слободен Печат - пред: 4 часа

Египет прогласи 35 организации од Европа за терористички, меѓу нив и една од Македонија. Додека македонските безбедносни служби треба да утврдат за кого точно станува збор и дали постои безбедносна закана, постои поширок контекст поврзан со „Муслиманското братство“ и со ...

44 вести »+2 теми »сумирано » ●прашања »

Центарци се заинтересирани за субвенција за возачка дозвола, годинава по 10.000 денари добиле 149 млади луѓе

Слободен Печат - пред: 4 часа

Од почетокот на годината до крајот на октомври, вкупно 149 млади жители на Центар добија по 10.000 денари субвенција за обука и полагање за возачка дозвола Б-категорија. Градоначалникот Горан Герасимовски изрази задоволство од интересот за мерката и ги повика младите кои ги ...

13 вести »+1 тема »прашања »

Две руски ракети влегоа во воздушниот простор на Молдавија и се вратија кон Украина

Слободен Печат - пред: 4 часа

Две руски ракети утрово влегле во воздушниот простор на Молдавија, објави Министерството за одбрана на таа земја во Кишињев, пренесе Политико . Двете ракети останале во воздушниот простор на земјата неколку минути, според соопштението од Кишињев.

15 вести »+4 теми »сумирано »прашања »

Судијата кој во Прага судеше срамни пенали против Македонија ќе ни дели правда во Глазгов

Слободен Печат - пред: 4 часа

Македонската фудбалска репрезентација во петок ја очекува гостувањето кај Шкотска во претпоследното коло од групната фаза во Лигата на нациите, а веќе е познато и кои судии ќе ја делат правдата на натпреварот во Глазгов.

5 вести »+1 тема »сумирано »прашања »

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Глигор Бишев: На Алта банка ѝ треба нов сопственик, но довербата не се купува со акциите

Слободен Печат - пред: 4 часа

Продажбата би била најбезболно решение за банката, но враќањето на довербата на штедачите ќе биде многу посложен процес, оценува поранешниот банкар и заменик-гувернер на Народната банка На Алта банка ѝ е потребен нов сопственик и што побрзо враќање во нормално функционирање, но ...

12 вести »+26 теми »сумирано »прашања »

Јас сум ненадминлив гениј кој е бесконечно вљубен: Врчак полни 46 години

Слободен Печат - пред: 5 часа

Раперот, композитор и продуцент Раде Врчаковски-Врчак , чии песни одбележаа една музичка ера, го слави својот 46. роденден. Иако со години беше повлечен од домашната музичка сцена, неговите хитови и денес будат носталгија кај публиката.

прашања »

На буџетски форум граѓаните ќе можат да дадат идеи и предлози за проекти во Ѓорче Петров во 2027 година

Слободен Печат - пред: 5 часа

Граѓаните од Ѓорче Петров ќе имаат можност да ги споделат своите предлози, идеи и приоритети за креирањето на општинскиот буџет за 2027 година на буџетски форум што го организира Општината и кој ќе се одржи утре, четврток, во 19 часот во салата на Општина Ѓорче Петров.

7 вести »сумирано » ●прашања »

ВИДЕО | Автобус се заби во 32 возила во Јужна Кореја, повредени се околу 60 луѓе

Слободен Печат - пред: 5 часа

Најмалку 59 луѓе се повредени во верижен судир во кој учествувале 32 возила, откако градски автобус утринава удрил во автомобили кои чекале на семафор во градот Сеонгнам, во Јужна Кореја, објави Кореја џунганг дејли“.

9 вести »+4 теми »сумирано »прашања »

Над половина од младите во Македонија се соочиле со корупција во образованието – моделот „Училишта со интегритет“ ќе ја јакне чесноста кај учениците и кај наставниците

Слободен Печат - пред: 5 часа

„Корупцијата е крадец на нашите животи“ се зборовите на млад учесник од истражувањето на „Аналитика“, кое покажа дека 30 отсто од младите посведочиле купување дипломи или сертификати, а 24,3 проценти поткуп за оценки, па затоа „Аналитика“ заедно со образовни институции го ...

прашања »

Комунални редари од денеска ќе ги штитат јавната чистота и општинскиот имот во Бутел

Слободен Печат - пред: 5 часа

Од денеска, на територијата на општина Бутел, официјално започнуваат со работа комуналните редари, информираат од Општина Бутел. Униформирани и опремени со службено возило, комуналните редари секојдневно ќе бидат присутни на терен, во сите населени места во нашата општина.

11 вести »+1 тема »прашања »

ФОТО | Сиљановска на вечера кај Макрон во Елисејската палата

Слободен Печат - пред: 5 часа

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која е во Франција и учествуваше на Парискиот мировен форум, синоќа присуствуваше на вечерата приредена од францускиот претседател Емануел Макрон во Елисејската палата.

41 вести »+3 теми »сумирано »прашања »

Стеф Кари продолжува да поместува граници во НБА — постави нов голем рекорд

Слободен Печат - пред: 5 часа

Стеф Кари продолжува да ги поместува границите во НБА-лигата. Кошаркарот на Голден стејт стигна до уште едно историско достигнување, откако Вориорс го декласираше Њу Орлеанс со неверојатни 51 поен разлика. Според податоците на статистичкиот сервис „OptaSTATS“, за Кари ова беше ...

4 вести »+6 теми »сумирано »прашања »

ФОТО | Општината конечно ја затвори и ќе ја санира распуканата улица „4“ во Усје

Слободен Печат - пред: 5 часа

Од локалната самоуправа вчеравечер преку социјалните мрежи информираа дека улицата е затворена за возила, а додека трае санацијата, сообраќајот ќе се одвива по улицата „Стаклара – Каменик“. По повеќе од еден месец откако жителите на Усје започнаа со објави и предупредувања за ...

6 вести »+2 теми »прашања »