Во меч од 5.коло во шампионатот на Грција одличен настап на нашиот најдобар кошаркар Ненад Димитријевиќ, зачинет со голема победа против веројатно најквалитетниот тим во Европа, Панатиниаикос на Жељко Обрадовиќ. Во големото дерби на Грција тимот од Солун славеше со 99:90.
3 вести »+2 теми »сумирано »прашања »Пред полна сала се игра вечното дерби помеѓу Вардар и Пелистер, прво во новата сезона во Супер-лига. После 30. минути игра резултатот е 15-12. Актуелниот македонски првак има серија од осум победи во низа, на другата страна битолчани се втори со скор од седум победи и реми.
36 вести »+17 теми »сумирано »прашања »Се чини дека деновите на Алехандро Балде во Барселона се избројани. Одлуката на тренерот Ханси Флик повторно да не смета на него, дури и во момент кога каталонскиот тим има сериозни проблеми со повредени дефанзивци, дополнително ги засили шпекулациите дека левиот бек ќе го ...
3 вести »+6 теми »сумирано »прашања »Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го освои трофејот на АТП 500 турнирот во Виена, откако во финалето го совлада Австралиецот Алекс де Минор со 2:0 во сетови (6:1, 6:4). За светскиот ас ова е 28. титула во професионалната кариера, а прва на турнирот во австриската престолнина.
10 вести »+5 теми »сумирано »прашања »Ракометарите на Струга приредија пресврт во Битола и го совладаа Е. Пелистер 2 со 25:24, во натпревар од деветтото коло на Суперлигата. Домаќините имаа предност од 12:11 на полувремето, но стружани во продолжението успеаја да го свртат резултатот и да ги освојат бодовите.
2 вести »+15 теми »сумирано »прашања »СВР Скопје поднесе кривична пријава против едно лице за насилството што се случи вчера пред спортскиот центар „Јане Сандански“, кога група од околу 30 припадници на навивачката група „Фемили“ физички нападнале околу 50 навивачи на КК Работнички.
68 вести »+12 теми »сумирано »прашања »Лацио ја продолжи победничката серија во Серија А, откако на „Олимпико“ го совлада Каљари со 2:1 во натпревар од 10. коло. Римјаните до трите бода стигнаа со гол во самиот финиш, а со оваа победа се искачија на првото место на табелата со 28 бода.
6 вести »+13 теми »сумирано »прашања »Актуелниот шампион Штип УГД со убедливи 3:0 го совлада ГОК Борец во дуелот кој требаше да биде дерби на второто коло во групата А од Првата лига за мажи. Штипјани доминираа во сите три сета и не му оставија многу простор на противникот.
+10 теми »прашања »Брегалница – Шкендија (Т) 1:2 во вториот попладневен меч од 12.коло во ПМФЛ. Иако Шкендија не блескаше, сепак успеа да победи и да освои големи три бода со кои и по ова коло ќе биде лидер на табелата. А до трите бода тимот на Артим Положани дојде благодарение на Марко Ѓорѓиевски ...
11 вести »+14 теми »сумирано »прашања »Ирската атлетичарка Сиара Магин, европска шампионка на 1.500 метри и двократна олимпијка, почина на 34-годишна возраст по битката со рак на дебелото црево. Тажната вест ја соопшти нејзиното семејство, потврдувајќи дека починала во неделата наутро, опкружена со најблиските.
4 вести »+3 теми »сумирано »прашања »Шампионот МЗТ Скопје А. на најдобар можен начин се врати на победничките патеки по заминувањето на тренерот Васко Атанасов. На попладневното дерби во „Јане- Сандански“, „штрковите“ остварија победа над битолскиот состав со 74-60.
8 вести »+25 теми »сумирано »прашања »Македонската ракометна репрезентација од денеска ја започнува мисијата – Европско првенство 2028 година. Селекторот Кирил Лазаров и неговите момци ќе одиграат два натпревари. Прв противник е Луксембург, дуел кој ќе се игра во среда во СЦ „Борис Трајковски“, додека четири дена ...
7 вести »+2 теми »сумирано »прашања »Попладнево се одиграа уште четири средби од 10.коло во ВМФЛ. Работнички како домаќин славеше убедлива победа од 3:1 против Беласица. Стрелци на головите беа Богданоски два и Стефановски еден. Со овие три бода тимот од Градски парк и натаму е трет на табелата.
4 вести »+8 теми »сумирано »прашања »Машката сениорска ракометна репрезентација на Македонија денеска го одржа собирот во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, со што официјално ги започна подготовките за претстојните квалификациски натпревари за Европското првенство во 2028 година.
7 вести »+2 теми »сумирано »прашања »Брегалница – Шкендија 1:1 по првите 45.минути од попладневниот меч од 2.коло во ПМФЛ. Тетовци рано поведоа со голот на Ндзенгуе уште во 5.минута, имаа гостите шанси и за 0:2 преку Криезиу и Тамба, но Брегалница како што одминуваше времете играше се подобро, па така откако ...
11 вести »+14 теми »сумирано »прашања »Арсенал размислува за можноста да го ангажира Ендрик на позајмица во текот на јануарскиот преоден рок. Напаѓачот на Реал Мадрид го привлече вниманието на лондонскиот клуб, кој бара дополнително решение за проблемите со реализацијата.
3 вести »прашања »Македонската ракометна репрезентација денеска во Скопје го имаше првиот собир пред стартот на подготовките за претстојните квалификациски пресметки со Луксембург и Грција. На првиот собир на селекторот Лазаров се појави и новиот македонски репрезентативец, Дмитро Хориха.
4 вести »+1 тема »сумирано »прашања »Одбојкарките на Наковски Волеј и Газели Волеј се единствените две екипи со максимален ефект по третото коло во Првата лига за жени. Двете екипи стигнаа до нови победи без загубен сет, совладувајќи ги Јанта Волеј, односно Вардар ЕМ.
2 вести »+11 теми »сумирано »прашања »Шкендија (А) – Тиквеш 1:1 во првиот меч од 12.коло. Ова е исходот од овој меч кој се одигра попладнево на стадионот на Чаир под ужасни услови ако се знае каков беше теренот. Домашните поведоа со голот на Марко Симоновски во раната фаза од средбата, конечните 1:1 ги постави ...
14 вести »+10 теми »сумирано »прашања »Перт Глори ја забележа првата победа во новата сезона од австралиската А-лига, откако на домашен терен ја совлада Аделаида Јунајтед со убедливи 4:0. Македонскиот фудбалер Стефан Чолаковски беше меѓу стрелците, постигнувајќи го третиот гол за својот тим.
прашања »