TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Обновено во20:56
Трн

Италија ги забрани бурките и никабите во училиштата: Казните за прекршување достигнуваат 1.000 евра

Трн - пред: 13 часа

Италијанскиот парламент го усвои законот предложен од владата на Џорџа Мелони. Од учебната 2027/2028 година се воведуваат и ограничувања за уделот на ученици што не го познаваат доволно италијанскиот јазик во првите одделенија.

8 вести »+2 теми »прашања »

Турција и Ирак договараат мегапроект од 16 милијарди долари: „Сув канал“ ќе ги поврзува со Европа

Трн - пред: 13 часа

Железничка и патна инфраструктура треба да ја поврзе ирачката пристанишна зона во Басра со Турција и Европа. Двете земји договориле модел „нафта за изградба“, а потпишувањето на финансискиот договор се очекува до крајот на годината.

6 вести »+1 тема »прашања »

Европските лидери без договор за новиот буџет на ЕУ: 14 часа преговори завршија без напредок

Трн - пред: 13 часа

Самитот во Брисел заврши без компромис за седумгодишниот буџет на Унијата. Седум земји побараа намалување на трошоците, додека други инсистираат на задржување на средствата за посиромашните региони. По речиси 14 часа преговори за следниот седумгодишен буџет на Европската Унија, ...

47 вести »+44 теми »сумирано »прашања »

Нови радари ќе казнуваат и во движење: „Безбеден град“ се шири низ Македонија до средината на 2027 година

Трн - пред: 13 часа

Паметни камери со радари ќе се поставуваат во полициските возила и ќе регистрираат сообраќајни прекршоци и на отворен пат. Во меѓувреме, до крајот на годината треба да почне и контролата на непрописното паркирање.

36 вести »+4 теми »сумирано »прашања »

Ходаи се сомнева во новата студентска платформа: „Владата сака да збогати фирма блиска до неа“

Трн - пред: 13 часа

Од Форумот за образовни промени сметаат дека парите предвидени за ново софтверско решение би можеле да се искористат за зголемување на субвенционираниот студентски оброк. Ходаи не посочи конкретна компанија, ниту приложи докази за сомнежите за можни партиски врски.

19 вести »+9 теми »сумирано »прашања »

Наместо во училиште, пред матичар: Детските бракови во Македонија сè уште се законски дозволени

Трн - пред: 14 часа

Додека светот го одбележува 27 ноември како Меѓународен ден против детските бракови, во Македонија правниот јаз меѓу законите и судските дозволи и понатаму остава стотици девојчиња без заштита. Македонија го дочекува првото глобално одбележување на 27 ноември, Меѓународниот ден ...

+2 теми »прашања »

Што би се случило ако Русија активира нуклеарна бомба во вселената и какви би биле последиците?

Трн - пред: 14 часа

Детонација на нуклеарно оружје во орбитата би можела да оштети или да онеспособи сателити оддалечени илјадници километри, со сериозни последици за глобалните комуникации и вселенската инфраструктура. Русија наводно подготвува лансирање сателит опремен со нуклеарно оружје во ...

5 вести »+11 теми »сумирано »прашања »

Првата програмерка во светот уште во 1843 година напишала код и ги поставила правилата за ВИ

Трн - пред: 14 часа

На 27 ноември 1852 година во Лондон почина Ада Лавлејс, британската математичарка која ги дефинираше основите на современите алгоритми и границите на машинската креативност. На денешен ден, 27 ноември 1852 година, во лондонскиот кварт Мерилебон почина Ада Лавлејс, британската ...

прашања »

Тему се согласи да ги промени спорните практики во ЕУ: Крај на лажните попусти, притисокот за купување и сомнителните рецензии?

Трн - пред: 14 часа

Кинеската онлајн-платформа презеде обврски за построга контрола на небезбедните производи, потранспарентни цени и поедноставено враќање на нарачките. Европската комисија соопшти дека ќе го следи спроведувањето на договорените промени, а за непочитување се предвидени нови казни.

11 вести »+4 теми »сумирано »прашања »

Вибер воведува нови практични опции за корисниците

Трн - пред: 14 часа

Откријте како да испраќате пораки до 50 контакти без група, да ги проверувате заедничките разговори и да закажувате услуги преку Вибер. Многумина го користат Вибер (Viber) само за основна комуникација, но апликацијата нуди и низа корисни алатки што можат да заштедат време, да ги ...

+1 тема »прашања »

Хороскоп за декември: Кои знаци ги очекуваат промени?

Трн - пред: 14 часа

Последниот месец од годината носи астролошки предвидувања за сите 12 хороскопски знаци, со акцент на работата, љубовните односи, парите и личниот развој. Прочитајте што им советува декемврискиот хороскоп на припадниците на Зодијакот пред почетокот на 2027 година.

23 вести »+9 теми »прашања »

Производителите на телефони ги намалуваат испораките за 2027 година

Трн - пред: 14 часа

Речиси сите големи компании од мобилната индустрија ги преиспитуваат плановите за следната година, а некои наводно предвидуваат и до 30 отсто помалку испорачани уреди. Причина се повисоките цени на меморијата и неизвесноста околу побарувачката.

4 вести »+9 теми »сумирано »прашања »

Сондата Хера ги испрати првите снимки од астероидот во кој удри НАСА

Трн - пред: 15 часа

Европската вселенска агенција ги објави деталните снимки од Диморфос, четири години по првиот обид за одбрана на Земјата од астероиди. На нив се гледа кратерот создаден од ударот, а околу астероидниот систем се забележуваат и карпи што кружат.

15 вести »+4 теми »прашања »

Рекордни 1.897 пријави за семејно насилство: каде и како се бара заштита?

Трн - пред: 15 часа

Пријавите се зголемени за речиси 70 отсто, а МВР најавува полицијата веднаш да може да го отстрани насилникот од домот на 48 часа. Министерството за внатрешни работи (МВР) регистрирало 1.897 пријави за семејно насилство во првите десет месеци од 2026 година, наспроти 1.125 во ...

2 вести »+14 теми »прашања »

Црн петок – еколошката сметка на најголемиот попуст во годината

Трн - пред: 15 часа

Додека трговците ја пресметуваат заработката, транспортот и отпадот ја создаваат другата сметка на Црниот петок. Европската унија од јули им забрани на големите компании да ја уништуваат непродадената облека, но Македонија, која не е членка на Унијата, засега не е опфатена со ...

22 вести »+17 теми »сумирано »прашања »

Казните од „Сејф сити“ ќе се плаќаат на мобилна апликација, а полицијата добива радари во колите

Трн - пред: 23 часа

До крајот на годинава почнува казнувањето за непрописно паркирање на главните булевари, а системот се шири кон Струмица, Штип, Скопје и граничниот премин Блаце. Од следната недела граѓаните добиваат мобилна апликација преку која ќе проверуваат дали имаат регистриран сообраќаен ...

36 вести »+4 теми »сумирано »прашања »

10 илјади чекори или 30 минути вежбање, што е поздраво?

Трн - пред: 23 часа

Двата пристапа носат различни придобивки за срцето и мускулите, но ниту еден не може целосно да го замени другиот во текот на денот. Редовната физичка активност е неопходна за долгорочно здравје, а најчестите препораки се фокусираат на 10.000 чекори дневно или 30 минути ...

3 вести »+6 теми »прашања »

Залихите на слатка вода на Земјата на најниско ниво од 1991 година

Трн - пред: 23 часа

Рекордните глобални горештини во 2023 и 2024 година го намалија протокот на реките за 5,7 отсто, а нивото на езерата за 9,5 отсто. Екстремните глобални горештини во текот на 2023 и 2024 година доведоа до историски пад на нивото на површинската слатка вода во реките, езерата и ...

6 вести »+2 теми »сумирано »прашања »

Што може мажите да ги натера да отидат на уролог?

Трн - пред: 23 часа

Во рамки на кампањата Movember, Трн и Златен Даб преку теренска анкета ги поттикнуваат мажите да ја надминат стигмата и да посетат уролог. Во најновата анкета на Трн во соработка со Златен Даб ги прашуваме граѓаните колку навистина мажите се грижат за машкото здравје.

6 вести »прашања »

Лукашенко: Ако гледаме во историјата, тогаш цела Русија треба да и се предаде на Монголија

Трн - пред: 1 ден

Белорускиот претседател во интервју за францускиот магазин „Ле Поен“ ја доведе во прашање логиката на територијалните претензии засновани на минатото, но истовремено го бранеше ставот на Владимир Путин кон Украина.

5 вести »+3 теми »прашања »