Што е потребно за една мала домашна компанија да се трансформира во глобален фармацевтски гигант чии производи стигнуваат до престижните светски стоковни куќи како лондонскиот „Хародς“? Оваа фасцинантна бизнис приказна отвора многу прашања за успехот, истрајноста и предизвиците со кои се соочува македонската економија на патот кон светските пазари.
Во новото издание на емисијата, првиот човек на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, отворено проговара за две децении менаџирање со една од најуспешните компании во земјата. Низ динамичен разговор се откриваат клучните пресвртници во развојот на компанијата, стратегијата зад освојувањето на европскиот и американскиот пазар, како и донесените одлуки кои ја дефинираа нејзината денешна позиција.
Погледнете го целото интервју за да ја дознаете целата приказна за успехот, визијата за иднината и задкулисните предизвици на водењето бизнис во Македонија.