TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Обновено во15:00
360° сезона 13, емисија 8 - Затворите над капацитетот, алтернативните мерки...

Дали затворите се само место за казнување или имаат потенцијал за вистинска ресоцијализација? Додека казнено-поправните установи се соочуваат со сериозен прекумерен капацитет и недостиг на услови, паралелно се отвара дебата за ефикасноста на алтернативните мерки и пробацијата како модерен начин за враќање на сторителите во општеството.


Во ова издание фокусот е ставен и на судбината на клучните реформски закони кои остануваат заглавени во собраниските филтри, каде политичките преговори, пазарењата за мнозинства и различни интерпретации продолжуваат да ги одложуваат долгоочекуваните решенија. Дополнително, емисијта носи инспиративна и длабоко емотивна приказна за искуствата од Шведска и справувањето со колективните трауми.


  • Зголемените казни наспроти реалноста: Зошто затворите се преполни и дали пробацијата е вистинската алтернатива за намалување на криминалот?
  • Заглавени закони во Собранието: Кој со кого преговара зад затворени врати за клучните реформи во високото образование, антикорупциските мерки и правичната застапеност?
  • Лекции од Гетеборг: Како една општина се справува со последиците од трагедија по неколку децении и што можеме да научиме за долгорочната безбедност и поддршка?
  • Историја и политика: Како историските факти и датуми се приспособуваат на дневните политички потреби и наративи?

Погледнете ја целата епизода за да ги дознаете сите детали, анализи и аргументи од релевантните соговорници и експерти.