Кога на 22 години ќе се најдете во раце со семеен бизнис и стотина работници, слободното време и безгрижната младост заминуваат во историјата, а започнува вистинската борба за опстанок. Ова е само дел од животниот пресврт низ кој минал младиот претприемач Јован, кој неочекувано морало да застане на чело на препознатливата месна индустрија „Гроздановски“.
Во ова искрено и длабоко интервју, тој отворено зборува за суровото соочување со реалноста, паранојата на почетоците и тешките менаџерски одлуки кои не му дозволуваат да заспие навечер. Низ разговорите за предизвиците во производството, битката со увозната конкуренција и менувањето на стереотипите за традиционалните занаети, се открива целата комплексност на водењето бизнис во Македонија денес.
Дали на младите им е местото во странство или вистинската среќа и иднина се градат дома? Погледнете ја целата инспиративна приказна за упорноста, лидерството и борбата за семејниот бренд.