Дали македонскиот пазар на капитал се буди од долбокиот сон или сè уште е резервиран само за најхрабрите? Во време кога милиони евра стојат заробени во банките или се слеваат во недвижности, прашањето за инвестирањето во акции и обврзници станува погласно од кога било, но со себе носи и сериозна доза на неизвесност и страв од непознатото.
Во новото издание на подкастот „Каде се парите?“, Горан Теменугов отвора искрена и длабока дебата со клучните играчи во финансискиот сектор: првиот човек на Македонска берза, Иван Штериев, претставникот од Комисијата за хартии од вредност, Васко Пејков, брокерот Михајло Брова Зиков и финансиската директорка на „Јуте Македонија“, Нина Мојсова Ќосева. Оваа уникатна петорка ги соголува сите табу-теми за тоа што навистина значи да се инвестира дома, зошто компаниите стравуваат од транспарентност и дали ризикот на берзата е рамно на „Дивиот запад“ или на строг адвокатски натпревар.
Подгответе се за разговор кој ги урива предрасудите за македонската економија и нуди реална слика за можностите и стапиците на пазарот на капитал.
Кликнете и погледнете го целото видео за да ги дознаете сите детали, контексти и одговорите на прашањата кои можат да ја променат вашата финансиска иднина!